Папата Фрањо: Ерусалим има универзална духовна вредност

Папата Фрањо: Ерусалим има универзална духовна вредност

Папата Фрањо ја поздрави делегацијата на групата за меѓурелигиски дијалог меѓу Светиот Престол и Палестина и потсети на универзалната вредност на Ерусалим за трите главни монотеистички религии

Светиот Престол оваа недела беше домаќин на состанокот на Заедничката работна група за дијалог меѓу Дикастеријата за меѓурелигиски дијалог и Палестинската комисија за меѓурелигиски дијалог.

Светиот Отец во четврток, 9 март 203 година во Ватикан.ги охрабри претставниците на Заедничката работна група, за трудот кој го вложуваат.

Во своето обраќање, Папата потсети на починатиот кардинал Жан-Луј Тауран, кој ја започна групата со шеикот Махмуд Ал-Хабаш, советник за верски прашања на претседателот на државата Палестина.

Духовната важност на Ерусалим

Папата Фрањо го истакна и духовното значење на Ерусалим, што беше тема на состанокот на работната група.

Тој го повтори апелот што го упати до кралот на Мароко во 2019 година, повикувајќи сите да го сметаат Ерусалим за заедничко наследство на човештвото, посебно за следбениците на трите монотеистички религии, како место за средба и како симбол на мирен соживот.

„Град на мирот“

Евангелијата, рече Папата, забележуваат дека Ерусалим бил место на многу настани од животот на Исус.

Во Светиот град Ерусалим, Господ беше прикажан во Храмот, таму поучуваше и правеше чуда и место каде што го заврши своето послание со страдање, смрт и воскресение.

Ерусалим е и местото каде што се роди Црквата, бидејќи Светиот Дух им беше даден на учениците, испраќајќи ги во светот да ја навестат пораката за спасение.

Ерусалим има и универзална вредност, што се гледа од самото негово име, што значи Град на мирот.

Мајка која плаче за своите деца кои страдаат

Папата потсети на зборовите на Исус кажани во близина на Светиот град пред Неговото страдање. Кога ќе се доближи до Ерусалим, гледајќи го градот ќе заплаче и рече: И ти да го беше узнал барем во овој твој ден, она што служи за твојот мир?

Папата Фрањо ги поттикна членовите на Заедничката работна група на Светиот Престол и Палестина да се задржат на значењето на зборовите на Исус и Неговите солзи за Ерусалим.

Колку мажи и жени – Евреи, христијани и муслимани – плачеа и уште плачат за Ерусалим!

И ние, додаде Папата, сме трогнати до солзи кога помислуваме дека Светиот град е како мајка која сака мир за своите деца кои страдаат.

Божјото сочувство над идеологијата

Како заклучок, Светиот Отец ги охрабри членовите на работната група да се потсетат на вредноста на сочувството, размислувајќи за нивната љубов кон Ерусалим, кој заслужува почит и восхит од сите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот