Папата изрази сочувство за железничката несреќа во Грција

Папата изрази сочувство за железничката несреќа во Грција

Папата Фрањо ја изразува својата тага и сочувство за жртвите од директниот судир на патнички и товарен воз во Грција, во кој загинаа најмалку 36 луѓе, а повеќе од 85 се повредени.

Светиот Отец во средата на 1 март испрати порака во која изразува сочувство заради тешката железничка несреќа која се случи во вторникот на 28 февруари вечерта во близина на грчкиот град Лариса, ветувајќи ги своите молитви за настраданите и членовите на нивните семејства.

Доверувајќи ги душите на починатите на милосрдието на Семоќниот Бог, папата Фрањо го изразува своето искрено сочувство до семејствата кои тагуваат за своите сакани.

Исто така, го пренесува својот благослов до повредените во директниот судир и до вработените во итната помош кои пружат помош, заблагодарувајќи им се за нивната посветеност и солидарност.

Телеграмата со сочувство на Светиот Отец ја потпиша Папскиот државен секретар кардина Пиетро Паролин, упатена до претседателот на Грчката епископска конференција, монс. Петрос Стефану од Сирос.

Патнички воз се судри со товарен воз во близина на долината Темпи на северот на Грција во вторникот на 28 февруари. Неколку вагони излетале од шините, а неколку се запалиле. Во патничкиот воз имало 342 патници и 10 членови на екипажот, а во товарниот воз 2 членови на екипажот. Во несреќата животот го загубија најмалку 36 лица, но се стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем. (…)

Грчката влада прогласи тридневна национална жалост и нареди знамињата да се спуштат на половина копје до петок во чест на загинатите во железничката несреќа.(…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот