Папата ги укина привилегиите за изнајмување згради кои му припаѓаат на Ватикан

Папата ги укина привилегиите за изнајмување згради кои му припаѓаат на Ватикан

Папата Фрањо нареди укинување на нормите кои дозволуваат бесплатно користење или користење под поволни услови на имот во сопственост на културни институции и тела кои припаѓаат на Светиот Престол.

Во рескриптот по аудиенцијата и кој е доставен на 13 февруари до префектот на Секретаријатот за економија, Максимин Кабаљеро Ледо, папата Фрањо нареди да се укинат сите одредби кои дозволуваат бесплатно користење или користење под особено поволни услови на имот во сопственост на културни институции и тела кои припаѓаат на Светиот Престол, вклучувајќи го и Домус.

Тоа е одлука – стои во Рескриптот – донесена со цел да се исполнат сè поголемите обврски потребни за служење на Универзалната Црква и сиромашните во економски контекст како што е сегашниот, кој е особено сериозен, со консеквентна потреба сите да придонесат со цел да се насочат повеќе средства за мисијата на Светиот Престол, исто така преку зголемување на приходите од управувањето со недвижен имот.

Одредбата се однесува на кардиналите, раководителите на Дикастерии, претседателите, секретарите, потсекретарите, извршните службеници и нивните еквиваленти, вклучително ревизори и еквиваленти во Трибуналот на Римската Рота.

Затоа, институциите кои поседуваат згради ќе мора да ги применуваат цените што вообичаено важат за сите оние лица кои немаат позиција во Светиот Престол и Ватикан. Така, „Домус“ ќе мора да ги применува и вообичаените цени утврдени од сопственото раководно тело.

Одредбата нема ефект врз концесиите кои се веќе доделени на датумот на нејзиното влегување во сила и затоа договорите претходно договорени продолжуваат до нивниот природен истек, но може да се продолжат или обноват само во согласност со она што е сега воспоставено. Сите исклучоци од новиот закон мора да бидат одобрени директно од Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот