Папата Фрањо замина од Бангладеш

Папата Фрањо замина од Бангладеш

На 2 декември 2017 година, околу 17.00 часот според локално време, папата Фрањо тргна од меѓународниот аеродром во Дака, Бангладеш за во околу 23 часот според европско време да пристигне на римскиот аеродром во Фумичино.

Така ќе заврши неговото 21 апостолско патување кое започна на 26 ноември со патувањето во Мјанмар.

Драги пријатели во Мјанмар и Бангалдеш – напиша Папата во пораката на Твитер, која ја објави на 2 декември – ви благодарам за вашата гостољубивост! Повикувам божествен благослов на хармонија и мир. Освен тоа во телеграмата упатена до претседателот на Бангладеш Абдул Хамид, Светиот Отец, му посака на Бангладеш хармонија и напредок, и изрази посебна благодарност до властите и до целиот народ на таа земја за срдечното добредојде и љубезноста изразена за време на посетата.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот