Папата со порака за 80 роденден на Радио Renascença

Папата со порака за 80 роденден на Радио Renascença

По повод 80-годишнина од радио станицата Радио Renascença, Светиот Отец на 11 април 2017 година испрати порака, истакнувајќи дека направило „значајна работа“ во промовирањето на „братската солидарност“.

Во пораката која во име на Папата ја испрати надбискупот Џовани Анџело Бечу, заменик за општи работи во Државниот секретаријат, стои дека папата Фрањо ја цени нејзината работа во пренесувањето на Исусовото Евангелие во Португалија и во останатите земји од португалското говорно подрачје. Рече дека радиото во срцето на човештвото го посеало „семето на солидарноста“ и Божјото милосрдие.“ Папата им се заблагодари на сите оние кои во текот на многу години со својата секојдневна работа по пат на тој медиум на социјална комуникација ѝ служеле на Црквата.

Додаваме дека Радио Renascença е комерцијално радио кое е во сопственост на неколку организации внатре во Католичката црква во Португалија.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот