Папата Лав XIV изрази близина со жртвите од земјотресот во Индонезија

Папата Лав XIV изрази близина со жртвите од земјотресот во Индонезија

Во телеграма потпишана од државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, папата Лав XIV им вети ја на погодените од земјотресот во Индонезија, што се случи на 15 август, својата „духовна солидарност и близина“. Тој ги охрабрува и тековните хуманитарни напори и активностите.

Папата Лав XIV е „длабоко натажен“ кога дозна за „уништувањето“ предизвикано од земјотресот со јачина од 7,7 степени, што во саботата наутро, 15 август 2026 година, го погоди регионот Источна Нуса Тенгара во Индонезија.

Според првичните податоци, загинале 53 лица, 135 се повредени, а околу 13.000 луѓе останале без покрив над главата.

Во телеграмата упатена до надбискупот Паулус Буди Кледен од Енде, од Друштвото на Божјото Слово, а потпишана од државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, Папата ја изразува својата „духовна солидарност и близина со оние што и понатаму ги трпат последиците од оваа катастрофа, особено со многуте раселени и повредени лица“.

Папата исто така ги охрабрува црковните и цивилните власти „во нивните напори да продолжат со обезбедување хуманитарна помош“ и се моли „за персоналот на службите за итна помош, вклучен во напорите за закрепнување“.

На крајот, тој ги доверува починатите „на милосрдната љубов на Семоќниот Бог“ и повикува „божествен благослов на утеха и сила“ за сите погодени.

Голема човечка и материјална штета

Првиот силен земјотрес, со магнитуда од 7,7 степени, го погоди островот Флорес во саботата, по што во текот на денот следеа бројни последователни потреси. Неколку часа подоцна, земјотрес со магнитуда од 6,9 степени го погоди и островот Суматра.

Покрај загубата на човечки животи, земјотресите предизвикаа голема штета на домовите и инфраструктурата.

Според Националната агенција за управување со катастрофи на Индонезија, уништени се повеќе од 900 домови, а уште 450 се оштетени. Најмалку 167 јавни објекти, меѓу кои училишта, здравствени центри и цркви, станале неупотребливи.

Илјадници раселени лица побарале засолниште во привремени сместувачки капацитети.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот