Папата Фрањо: Молитвата мора да биде храбра

Ватикан, 1.7.2013 /к.мк/ – „Треба да се моли храбро и истрајно, како Авраам“, рече папата Фрањо за време на светата Литургија, во понеделник 1 јули, во капелата на домот Света Марта, при што истакна дека молитвата е своевидно „нагодување со Господ“ при што човекот смее и да му досадува на Бог, како што учи Исус. На светата Литургија присуствуваа вработени од Папскиот совет за единство на христијаните, а сослужуваше кардинал Курт Кох и монсињор Брајна Фарел.

Авраам разговара со Господ храбро и истрајно, настојувајќи да го сочува Содом од уништување. Папата Фрањо во својата проповед започна да говори за првото читање (1 Мојсеева 18,16-33), како Авраам посредува пред Господ за градот Содом и веднаш истакна дека „Авраам е храбар човек кој се моли храбро“. Авраам „чувствува дека има сила за разговор лице во лице со Господ и се труди да го одбрани тој град“, со голема истрајност. Папата заклучи: Библијата нè учи дека „молитвата треба да биде храбра“.

„Храброста обично ја поврзуваме со апостолската храброст, храбро навестување на евангелието и слично… Но постои и храброст пред Господ: тоа е отвореност со која храбро доаѓаме пред Господ за да бараме нешто. Сцената помалку е и смешна, бидејќи Авраам разговара со Господ на специфичен начин, а посматрачот не знае дали тука се работи за човек кој моли или за „феникиски трговец“: молитвата на Авраам звучи како ценкање, договарање за цената. И упорен, ја спушти цената од 50 на 10. Авраам знаеше дека бара невозможно, бидејќи во Содом постоеше само еден праведник, неговиот внук, неговиот роднина… Но не престануваше да моли, храбро и истрајно.

Понекогаш од Господ бараме „нешто за некој“, молиме за ова или за она и тогаш заминуваме… Но Папата предупредува, „тоа не е молитва, бидејќи ако сакаш Господ да биде милостив, треба храбро да се прави она што го правеше Авраам, со таква упорност“. Папата потсети дека самиот Исус вели дека мораме да молиме како вдовицата која го молеше судијата (Лука 18,3-5), како човек кој во среде ноќ чука на вратата на својот пријател (Лука 11,5-8). Исус нè учи да молиме упорно. Исус ја фали сирофеничанката која упорно бара оздравување за својата ќерка (Марко 7,26-30). Упорноста го заморува човекот, навистина го заморува: но таков е вистинскиот став во молитвата. Света Тереза ја споредува молитвата како ценкање со Господ, а тоа е возможно само ако постојат блиски односи со Господ. „Навистина, за човек тоа е напорно, но тоа е молитвата. Така се добива милост од Господ“. Папата покажа на што се темели упорната молитва на Авраам: „Авраам зема причини, мотивации од самото срце Исусово“.

Да се уверува Господ врз основа на Божјите крепости! Тоа е убаво! Молитвата  на Авраам оди директно во Божјото лице, а Исус нè учи на истата работа: Отецот знае сè. Отецот дава да паѓа дожд и за праведните и за грешниците, дава сонцето да грее и над праведните и над грешниците“. Авраам ја темели својата молитва на тоа спознавање. Тука ќе запреме: молитвата е нагодување со Господ, до таа мерка што човекот навалува преку мерка. Да се моли значи да се слави Господ во целата Негова убавина и да бараме таа убавина да ни ја испрати и на нас. А тој со своите е толку многу милосрден, толку добар, нека ни помогне!“

Папата продолжи: „Би сакал сите во текот на денешниот ден да ја земеме Библијата во раце, само на пет минути и полека да го прочитаме денешниот Псалм 102: „Благословувај Го, душо моја, Господа, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име. Благословувај Го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној, Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести; Кој го избавува од распаѓање твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини….“ Да го измолиме целиот псалм и ќе научиме што треба да му кажеме на Господ кога од него бараме милост. „Ти си милосрден, ти кој простуваш: дај ми ја таа милост“…. Така молеа Авраам и Мојсеј. Да бидеме истрајни и храбри во молитвата, бидејќи причините за таква молитва доаѓаат од самото Божјо срце. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<