Папата ќе ги посети Пиетрелчина и Сан Џовани Ротондо

Папата ќе ги посети Пиетрелчина и Сан Џовани Ротондо

На 17 март 2018 година, папата Фрањо ќе ги посети италијанските градови Пиетрелчина и Сан Џовани Ротондо.

Имено следната година се одбележува 100 годишнината од кога падре Пио од Пиетрелчина ги прима стигмите, а воедно и 50 годишнина од неговата смрт. Светиот Отец така оди по стапките на своите претходници свети Иван Павле II, кој го посети Сан Џовани Ротондо на 23 мај 1987 година, како и почесниот папа Бенедикт XVI, кој го посети тој град на 21 јуни 2009 година.

Свети Пио е роден на 25 мај 1887 година во Пиетрелчина, а умира на 23 септември 1968 година во капуцинскиот манастир во Сан Џовани Ротондо. Падре Пио е прогласен за блажен на 2 мај 1999 година, а обредот за прогласување на блажен го предводеше тогашниот папа Иван Павле II. Отец Пио е канонизиран на 16 јуни 2002 година, додека Црквата го празнува на 23 септември на денот на неговата смрт.

Додаваме на крајот дека за време на Јубилејот на милосрдието Светиот Отец одреди моштите на падре Пио да бидат изложени во базиликата Свети Петар на Чиста среда, поточно од 8 до 14 февруари 2016 година.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот