Генерална аудиенција: Во моментите на тешкотии и радост, да се обратиме кон Марија, нашата мајка

Генерална аудиенција: Во моментите на тешкотии и радост, да се обратиме кон Марија, нашата мајка

Свети Хуан Диего бил скромна личност, „Индијанец од народот“, поради тоа станал „гласник на Пресвета Богородица од Гвадалупе“. На него, рече Папата, почива погледот на Бога и Марија, кои ги сакаат најмалите: „Богородица е секогаш блиску до нас да нѐ утеши и да ни даде сила да продолжиме понатаму“. Свети Хуан Диего е сведокот за кој зборуваше папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда, 23 август 2023 година, продолжувајќи ја серијата катехези посветени на апостолската ревност.

Папата Фрањо ја продолжи серијата катехези посветени на ревноста за навестување на Евангелието, осврнувајќи се на Америка. Сведочењето на Мексиканецот свети Хуан Диего, гласникот на Пресвета Богородица од Гвадалупе, е пример што папата Фрањо им го даде на верниците на Генералнаѕа аудиенција, зборувајќи за Марија, Мајката, која, како и Бог, посебно се наколнети кон малите и едноставните.

Дева Марија е вополотена во животот на луѓето

Евангелието пристигна на Новиот континент пред објавата на Богородица во Гвадалупе, но беше придружено со световни интереси – истакна Папата на почетокот на катехезата.

Наместо патот на инкултурацијата, премногу често се следеше избрзаниот пат на пресадување и наметнување однапред одредени модели, без почит кон домородното население. Богородица од Гвадалупе, напротив, се објавува облечена во облеката на домородното население, го зборува нивниот јазик, ја прифаќа и ја сака културата на тоа место.

Хуан Диего, понизна личност

Истакнувајќи дека Евангелието се пренесува на мајчиниот јазик, кој народот најлесно го разбира, Папата им се заблагодари на мајките и бабите кои се првите предвесници на верата на нивните деца и внуци. Потоа го опиша ликот на свети Хуан Диего, посочувајќи:

Тој беше понизна личност, Индијанец од народот: на него почива погледот Божји кој сака да прави чуда преку малите.

Навестувањето бара упорност и трпение

Тој зборуваше за еден необичен настан што го доживеал Хуан Диего, кој се случил во декември 1531 година, кога имал 55 години. Еден ден, додека бил на пат, на еден рид ја видел Богородица, која го нарече нејзин сакан син Хуанито и го поттикна да оди кај епископот и да го замоли да изгради храм на тоа место. Неколку пати мораше да се врати и да разговара со епископот затоа што прво не му поверува, а Богородица неколкупати го тешеше и охрабруваше – рече Светиот Отец и нагласи:

Еве го напорот, доказите за навестувањето; и покрај жарот, се појавуваат неочекувани ситуации, понекогаш и од самата Црква. За навестување не е доволно да се сведочи за доброто, потребно е да може да се поднесе злото. Да не го заборавиме тоа. Ова е многу важно; за навестување на Евангелието не е доволно да се сведочи за доброто, туку потребно е да може да се поднесе злото. Христијанинот прави добро, но и го поднесува злото. Двете одат заедно, тоа е животот. И денес, на многу места, потребна е истрајност и трпение за инкултурирање на евангелието и евангелизација на културите; неопходно е да не се плашиме од судири, да не се паѓа со духот. Мислам на земји во која христијаните се прогонувани затоа што се христијани и не можат добро и во мир да ја живеат својата вера.

Божјите изненадувања

За да му поверува на Хуан Диего и да го исполни неговото барање, епископот бара знак. Богородица го охрабрува Хуан велејќи: „Зар не сум тука, која сум твоја мајка?“

Прекрасно е тоа, Богородица, многупати кога сме осамени, тажни, во неволја, тоа ни го вели и на нас, во срцето: „Зар не сум тука, која сум твоја мајка?“. Таа е секогаш покрај нас да не утеши и да ни даде сила да одиме напред.

Самата Богородица го поттикнува да набере цвеќе на врвот на ридот, и покрај зимното време, и носејќи го својата наметка, да му ги подари на епископот.

И гледај: на ткаенината на наметката се појави ликот на Богородица, убава и жива како што ја знаеме, во чии очи се втиснати протагонистите од тоа време. Тоа е Божјо изненадување; кога има волја и послушност, Тој може да направи нешто неочекувано, на моменти и на начини кои не можеме да ги предвидиме.

Светилишта, оази на утеха и милост

Така е изградено светилиштето, а Хуан Диего го посвети својот живот пречекувајќи ги ходочасниците и нивно евангелизирање – рече Папата и на крајот истакна:

Ова се случува во маријанските светилишта, дестинации за ходочастија и места за навестување, каде што секој се чувствува како дома (…). Таму верата се прифаќа на едноставен и природен начин, народен начин, а Богородица, како што му кажала на Хуан Диего, го слуша нашиот плач и ја лекува нашата болка. Да го научиме ова: кога имаме тешкотии во животот, одиме кај Мајката; кога сме среќни и тогаш да појдеме кај Мајката да ја споделиме со неа. Треба да одиме во оние оази на утеха и милост, каде што верата се изразува на мајчиниот јазик; каде што тешкотиите на животот се ставаат во прегратките на Богородица и тој се враќа во животот со мир во срцето, можеби со оној мир, кој го имаат децата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот