Кардинал Греч: Мора храбро да го следиме патот на Првата црква

Кардинал Греч: Мора храбро да го следиме патот на Првата црква

Генералниот секретар на Епископската синода, кардинал Марио Греч, разговараше со новинарот Андреа Торниели за подготовките за Синодата, на која ќе се разговара за синодалноста на Црквата, а ќе се одржи во 2023 година.

Пред објавувањето на документот за синодалниот процес, кардиналот Греч истакна дека подготовката вклучуваше многу средби и разговори со континенталните епископски конференции, кои подоцна го коментираа документот и даваа предлози.

Тие први состаноци, вели тој, биле многу вредни и плодна вежба за епископската колегијалност. Како што истакна кардиналот Греч, тие сакаа да испратат порака за важноста на учеството на сите, дури веќе и во почетната фаза.

Сличен пристап имаат и во соработката со разни дикастерии, објаснува кардиналот. Создадовме четири комисии за поддршка на работата на синодата: една, која е посветена на теолошка студија, друга да и помогне на Црквата да расте во дух на заедништво, трета за методологијата и четвртата посветена на комуникацијата – објаснува кардинал Греч.

Зборувајќи за синодалноста, кардиналот рече дека тоа е секако сложена тема, бидејќи зборува за заедништво, учество и послание.

На разни подготвителни состаноци, стана јасно дека синодалноста е форма и стил на Првата Црква. Подготвителниот документ јасно го нагласува ова, како и фактот дека Вториот ватикански собор, враќајќи се на своите извори, сака да го врати овој модел, не откажувајќи се од ниту еден голем напредок на Црквата во вториот милениум. Ако сакаме да бидеме верни на традицијата, мора храбро да одиме по патот на синодална Црква, рече кардиналот Греч.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот