Канцеларијата за печат на Светиот Престол соопшти дека Папата во средата наутро ги направил предвидените крвни анализи и рендгенска снимка на градниот кош по операцијата, а резултатите потврдиле дека неговото постоперативно закрепнување се одвива нормално.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол во попладневните часови на 14 октомври објави соопштение од д-р Луиџи Карбоне и професор Стефано Маргаритора, началник на торакалната хирургија во болницата „Џемели“, кои заедно со медицинскиот тим ја извршија операцијата, во врска со постоперативното закрепнување на папата Лав XIV.
„Утрово, Светиот Отец ги направи крвните анализи и рендгенската снимка на градниот кош предвидени по операцијата. Резултатите потврдуваат дека неговото постоперативно закрепнување напредува нормално: вредностите се во рамките на очекуваните граници за видот на извршената операција“, се наведува во соопштението.
„Светиот Отец е подложен на респираторна физиотерапија и почна да се движи низ својата соба. Продолжи нормално да се храни и појадуваше и ручаше“, се додава во соопштението. „Неговото закрепнување се одвива според очекувањата.“
Подоцна, Матео Бруни, директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, им соопшти на новинарите дека Папата во средата попладне служел света Литургија во просторија специјално подготвена за таа цел на десеттиот кат од болницата „Џемели“.
Ватикан њуз/к.мк

