Верниците од Свети Иван Крстител на поклонение во Охрид и Битола

Верниците од Свети Иван Крстител на поклонение во Охрид и Битола

Верниците од парохијата Свети Иван Крстител – Струмица, предводени од своите свештеници о. Гоце Костов и о. Атанас Сирачев на 11 октомври ги посетија Охрид и Битола. Поклонението започна вечерта на 10 октомври 2016 година во света Литургија и утринската молитва на 11 октомври во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица.

Во Охрид најпрво се задржаа на молитва во црквата „Свети Бенедикт и Свети Кирил и Методиј“, а о. Оливер Тантушев присутните ги запозна со Католичката црква во Охрид. Потоа се упатија на разгледување на останатите знаменитости во Охрид, а во вечерните часови ja посетија Битола и црквите „Пресвето Срце Исусово“ и „Свети Димитриј“.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија