Молитвената накана на Папата за април е посветена на здравствените работници

Молитвената накана на Папата за април е посветена на здравствените работници

Молитвената накана на Папата за април 2022 година, објавена од Папската светската молитвена мрежа преку видео порака, е посветена на здравствените работници кои беа во првите редови во борбата против пандемијата во последните две години.

Видео пораката на Папата е објавена со молитвената накана која ја посветува на целата Католичка црква преку Папската светската молитвена мрежа. Овој месец, Папата се осврнува на прашањето за здравствената заштита во различни земји и ги повика здравствените работници кои им служат на болните и постарите, особено во најсиромашните земји, да добијат соодветна поддршка од владите и локалните заедници.

Пристап до потребното лекување

Пандемијата ги разоткри слабостите во здравствените системи и нееднаквостите во пристапот до соодветно лекување. Во пораката за априлската молитвена накана, Светиот Отец вели: „Пандемијата го разоткри и фактот дека не секој има пристап до добар јавен здравствен систем. „Најсиромашните земји, најзагрозените земји не можат да пристапат до потребното лекување за голем број болести, од кои сè уште боледуваат.

Според документот „Здравје на прв поглед 2021“ подготвен од Организацијата за економска соработка и развој, несоодветната состојба во здравствениот систем се одразува на грижата што ја добиваат пациентите. Меѓу голем број фактори, недостатокот на здравствени работници беше главно ограничување, повеќе од бројот на болнички кревети или техничка опрема.

Напорите во светот

Во ваква тешка ситуација која ги влоши постојните итни состојби, одлучувачка улога одигра посветеноста на здравствените работници во различни проекти ширум светот, прикажани преку слики и во видео пораката на Папата.

Повик до властите

Сепак, таков извонреден напор не може да биде решение за да се осигура сите во светот да имаат доволно медицинска нега. Сакам да ги замолам владите на сите земји во светот да не заборават дека добрата здравствена заштита треба да биде достапна за секого, како приоритет“, порача папата Фрањо во пораката. Ако ова сè уште не се случило, додава тој, тоа често се должи на „лошото управување со ресурсите и недостаток на сериозна политичка посветеност“.

Исусовецот Фредерик Форнос, меѓународниот директор на Папската светската молитвена мрежа, ја коментираше наканата на Папата за овој месец. „Папата Фрањо е секогаш многу внимателен кон луѓето, болните, постарите, најранливите. Оваа молитвена накана за месец април е посветена на здравствените работници кои се грижат за нив. Тие поминаа низ кризни ситуации, често без соодветна поддршка, особено во земјите со помалку ресурси. Пандемијата покажа дека здравствените системи и работниците се неопходни за општеството. Папата повикува тие да бидат поддржани со повеќе средства, особено во земјите со кревки здравствени системи; во спротивно ќе доживееме „други пандемии“. Да ја довериме оваа молитвена накана на Господа и да преземеме соодветни мерки“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот