Папата: Ако спортот ја изгуби аматерската смисла тој станува трговија

Папата: Ако спортот ја изгуби аматерската смисла тој станува трговија

Примајќи ги во аудиенција членовите на фудбалскиот клуб Реал Клуб Селта од Виго, Шпанија, Папата ги потсети на крајната смисла на секое натпреварување: кога во светот на спортот не се работи како тим, сите губат. Го спомна и светилиштето во Сантијаго, духовниот симбол на Галиција и рече: вие сте земја која не се затвора пред братот кој доаѓа како ходочасник.

Кога во светот на спортот не се работи како тим, сите губат – истакна папата Фрањо во понеделник на 10 јули 2023 година, примајќи ги во аудиенција, раководителите, играчите и членовите на семејствата на шпанскиот фудбалски клуб Реал Клуб Селта, на кои на почетокот на својот говор им зборуваше за длабокото значење на нивниот дрес, неговите бои, кои се знак на доверба во заштитата на Богородица и амблемот на клубот во форма на крстот на Свети Јаков, кој – како што рече Светиот Отец – се крева како знаме на победата во битката на животот. Овие бои се и симбол што го оставиле бројните мигранти кои заминале во Аргентина – потсети Папата.

Имено, веќе сто години – основани се во август 1923 година – Лос Селестос, како што ги нарекуваат, на теренот настапуваат во боите на Богородица, светло сини маици бели шорцеви; и со грбот во форма на крст, надалеку познат со векови бидејќи е симбол на милиони ходочасници кои одат по патот на Свети Јаков, до Сантијаго де Компостела. Затоа, за галицискиот тим Селта од Виго, кој игра во шпанската прва лига, меѓу најзначајните моменти на стогодишнината не може да не биде посетата на срцето на Католичката црква.

Зачувајте ја аматерската димензија

Осврнувајќи се на вредноста на спортот, папата Фрањо го истакна неговиот многу напорен аспект, во кој секогаш треба да се одржува аматерската димензија.

Кога спортот, во овој случај вашиот, ја губи таа аматерска димензија, ја губи смислата, се претвора во комерцијална работа и едноставно асептична, без страст. Ве молиме зачувајте ја таа аматерска мистика. Никогаш не губете ја аматерската димензија.

Значи, она што е важно во спортот и во животот – рече папата Фрањо – е да се давате великодушно, да не штедите труд и да знаете да се жртвувате за другите кога е потребно; тоа и дава висока димензија и одредено значење на спортската активност – истакна Петровиот наследник и додаде: Другиот, повеќе од противник достоен за почит, секогаш е добредојден пријател.

Дух на братска гостољубивост

Пред тоа, Светиот Отец потсети на некои од вредностите на своето учење за спортот, како што е победата заснована на понизност, тимската работа не потпирајќи се само на сопствените сили, сфаќајќи дека победата им припаѓа на сите – како што истакна – кога во светот на спортот не се работи тимски, сите губат. Покрај тоа, не треба да се ограничи активноста само на одбрана на сопствените бои, а со тоа да се изгуби од вид другите аспекти на животот, како што се корените.

Корените се важни, ни даваат значење; вашите говори ни зборуваат за земја која не се затвора за братот кој доаѓа како ходочасник, како и за луѓе кои се способни да остават сè зад себе за да преземат поглеми потфати. Духот на здрава авантура и дух на братско гостопримство.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот