Папата: Во Бог праведноста е милосрдие

Папата: Во Бог праведноста е милосрдие

Христијанинот на својот пат треба како Исус да биде праведен со милосрдието – рече папата Фрањо на светата Литургија на 24 февруари во капелата на домот Света Марта, предупредувајќи на лицемерието и залажувањето на верата која е сведена на „казуистичка логика.“

Во денешното Евангелие според Марко, фарисеите и закониците му пристапуваат на Исус и сакаат да го искушуваат, му го поставиме следното прашање: „Допуштено ли е, да ја остави човек својата жена?“ (Мк 10, 2)

Исус не одговара дали е допуштено или не, Тој воопшто не се впушта во казуистичка логика – рече Папата додавајќи дека фарисеите и закониците размислуваат за верата на начин „ова смееш, а ова не смееш,“ „до која точка се смее, а до која не.“ Исус не се впушта во таа логика, туку возвраќа со прашањето: „Како ви заповеда Мојсеј? Што пишува во законот?“ На тоа тие му одговориле дека Мојсеј повозлил мажот да ја отпушти жената и сега оние се тие кои паѓаат во замка. Исус им зборува дека се „жестоки срца“: „Поради вашето жестоко срце ви ја напишал таа заповед“ и Исус ја зборува вистината. Без казуистика, рече папата Фрањо.

„Исус секогаш ја зборува вистината,“ продолжи Светиот Отец, „Тој објаснува како било на почетокот,“ вистината на Светото Писмо, на Мојсевиот закон. А тоа Исус го прави и кога неговите ученици го испитуваат за прељубата. Тој им повторува: „Кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, тој прељубодејствува спрема неа; а и жена ако го напушти својот маж и се омажи за друг, прељубодејствува.“ (10, 11-12)

Но, ако тоа е вистина, и ако прељубата е нешто „сериозно“, како тогаш да се објасне тоа што Исус многу пати разговарал со прељубница, која и покрај тоа била и поганка? Дека пиел од нејзината чаша која пред тоа не била (обредно) очистена? И на крајот ѝ рекол: „Не те осудувам. Не греши повеќе.“ Како е тоа можно? – праша Папата.

„Исусовиот пат – и тоа е очигледно – е пат од казуистиката кон вистината и милосрдието,“ истакна Светиот Отец и продолжи: „Исус ја остава казуистиката на страна. Тие кои сакале да го искушуваат, кои размислувале со логиката „оваа смееш, а ова не смееш,“ порачува на друго место во Евангелието дека се лицемери. Во случајот со четвртата заповед, тие одбиваат да им помогнат на родителите под изговор дека дале добар прилог за Црквата. Лицемери. Тоа е лицемерна казуистика, лицемерно размислување. „Што се смее, а што не се смее“… што тогаш станува посуптилно, дијаболично: „До која точка смеам? Но, од тука натаму не смеам.“ Тоа е илузијата на казуистиката,“ рече папата Фрањо.

Папата така утврди дека христијанскиот пат не е да се попушти пред таа казуистичка логика и да се одговори со вистината која – според примерот на Исус – ја придружува милосрдието „затоа што Он е овоплотеното милосрдие на Отецот и не може да се негира самиот себе затоа што е милосрдието на Отецот,“ рече папата Фрањо и додаде дека тоа е патот на кој Исус нѐ учи, а кој е тешко да се оствари кога сме соочени со искушенијата во животот.

„Кога срцето ти го обземаат искушенијата, не е лесно да се помине патот од казуистика до милосрдие и вистина: потребна ни е Божјата милост за да го оствариме тоа. Треба секогаш да се молиме за тоа: „Господи, дај да бидам праведен, но прведен со милосрдието.“ Не праведен и притоа прекриен со казуистика, туку праведен со милосрдието, како што тоа си Ти. Некој кој има казуистички менталитет би можел да праша: „Но, што е поважно за Бог: праведноста или милосрдието?“ Тоа е болно размислување кое настојува да излезе… Не станува збор за двете работи, туку за едната: во Бог праведноста е милосрдие, а милосрдието е праведност. Нека Господ ни помогне да го сфатиме тој пат, кој не е лесен, но кој нас и многу други луѓе ќе нѐ направи среќни“, заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот