Папата побара уништување на оружјето за масовно уништување

Папата Фрањо бара брзо прифаќање на мерки со цел уништување на оружјето за масовно уништување, почнувајќи од нуклеарното и хемиското оружје, истакна надбискупот Бернардито Ауза, постојан набљудувач на Светиот Престол при ООН, говорејќи во Стаклената палата во Њујорк.

Надбискупот посебно предупреди дека нема никаков напредок во однос на нуклеарното разоружување. Неспособноста на земјите кои поседуваат нуклеарно оружје за да почнат со преговори за намалување на нивните залихи на оружје загрижува, но „модернизацијата“ на некои системи и зголемувањето на постоечките залихи, уште повеќе загрижува, истакна надбискупот Ауза, напомнувајќи дека Договорот за неширење на нуклеарното оружје, кој е многу важен за нашата безбедност, досега ги нема постигнато очекуваните резултати.

Светата Столица и понатаму верува дека политиката на постојани нуклеарни закани ја става во опасност постапката за разоружување и неширење на нуклеарното оружје, истакна надбискупот и додаде дека затоа треба да се работи на трајниот мир втемелен на взаемна доверба. Поради тоа Светиот Престол ги повикува сите земји да го потпишат и ратифиуваат Договорот за општа забрана на нуклеарните проби и тоа без одложување, бидејќи тој е важен фактор во меѓународното нуклеарно разоружување и неширење на нуклеарното оружје. Освен тоа, надбискупот спомна дека формирање на подрачја без оружје за масовно уништување би бил огромен чекор во вистинска насока, бидејќи тоа би покажало дека можеме да одиме кон општ договор со цел потполно уништување на таквото оружје.

Осврнувајќи се повторно на зборовите на Папата, надбискупот поттикна да не се занемари  големата цел, а тоа е свет кој помалку зависи од примена на сила. Светиот Престол е задоволна со напредокот, колку и да е мал во однос на конвенционалното оружје, но и понатаму се грижи поради тоа што таквото оружје и понатаму ги зголемува судирите во целиот свет.

Да не заборавиме дека желбата за пари ја поттикнува трговијата со оружје, а таа трговија, пак, ги подржува судирите кои предизвикуваат неопишливо страдање и кршење на човековите права. Се додека е во оптек толкава количина на оружје, секогаш ќе може да се пронајдат нови изговори за поттикнување на непријателства, а лесниот пристап до оружјето ќе го олесни насилството над недолжниот народ, предупреди постојаниот набљудувач при ООН.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан, Свет

За авторот