Папата Фрањо: Екуменизмот и прозелитизмот не одат заедно

Папата Фрањо: Екуменизмот и прозелитизмот не одат заедно

Определбата за мир е задолжителна работа – истакна папата Фрањо за време на конференцијата за новинари одржана во авионот на враќање од Женева.

По еднодневната Апостолска посета на Женева, папата Фрањо на летот од Женева за Рим одржа конференција за новинарите. Одговараше на прашања на разни теми, како што се младите, миграцијата, праведната војна и екуменизмот

Млади

Папата рече дека зборот кој го одбележува неговата посета во Женева е „средба“, да тоа беше ден на средби. Тој напомена дека загриженоста за младите била една од главните теми на неговите средби. Во тој контекст потсети на претсинодската средба во Рим, која се одржа во март оваа година и на која учествуваа илјадници млади од различни верски традиции, средба која предизивика големо интересирање.

Мигранити и бегалци

Папата е свесен дека проблемот со војните и прогонството на христијанте не е лесно решлив, но дека проблемот со гладот сепак е решлив. Кон тоа Папата рече дека е неопходен план за вложување во земјите од каде доаѓаат миграните и беглаците како би се променил културниот менталитет според кој е во ред да се искористува Африка.

Праведна војна

Една новинарка го праша дали Католичката црква би трабло да се придружи на некои членки на Светскиот совет на цркви, кои се сметаат за „Цркви на мирот“ и да се преиспита теоријата за праведна војна. Одговорајќи на прашањето папата Фрањо најпрво предупреди на сегашната криза на човековите права кои стануваат релативни и ги гледаме последиците од таа криза. Потоа рече дека сите Цркви кои го имаат духот на мирот треба да се здружат и да соработуваат.

Определбата за мир е сериозна работа – рече папата Фрањо напомнувајќи дека судирите не би требало да се решаваат на Каиновиот начин, туку по пат на преговори, дијалог и посредување. Покрај „Црквите на мирот“ дали постојат “Цркви на војна“? – праша Светиот отец велејќи дека скоро во секоја вероисповед постојат мали групи кои бараат војна….

Екуменизам

Папата потоа на новинарите им рече дека зад речникот на екуменското движење треба да се отстрани зборот „прозелитизам“. Екуменизмот и прозелитизмот не одат заедно. Потребно е да се избере: или ќе имаш екуменски или прозелитски дух – рече папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот