Твитер порака на Папата: Само љубовта ја гаси омразата

Твитер порака на Папата: Само љубовта ја гаси омразата

Папата Фрањо објави порака на својот Твитер профил @Pontifex за да повтори дека љубовта ја победува неправдата до крај и прави простор за другиот. Станува збор за две вредности кои сѐ до најголемата жртва, кој ги живееше полскиот светец умирајќи маченички умре во Аушвиц.

Беше „Витез на Безгрешната“ кој како 20-годишен сонувал да го обнови светот преку Мајката Исусова, формирајќи заедници и објавувајќи списание, и покрај тоа што туберкулозата го принудувала често и долго да престојува во лекувалишта. Подоцна, кога во униформата на концентрациониот логор Аушвиц со голем пиетет и достоинство ги носел мртвите тела во крематориумот, еден сведок во логорот за него ќе каже: „Тој беше принц меѓу нас“.

Само љубовта прави простор за другиот

Црквата на 14 август, се сеќава на маченикот Максимилијан Колбе, а зборовите на папата Фрањо објавени на неговиот Твитер профил @Pontifex одекнуваат како резиме на пораката што светецот ја остави сведочејќи со својот живот: „Само љубовта ја гаси омразата, само љубовта ја победува неправдата до крај. Само љубовта прави простор за другиот. Само љубовта е патот до потполно заедништво меѓу нас“.

Познат е животот на основачот на „Војската на Безгрешната“, кој беше прогласен за блажен пред вообичаеното време. Имено, процесот бил отворен во 1960 година, многу пред 50-годишнината од неговата смрт, како што тогаш било предвидено со Канонскиот законик. Максимилијан Колбе починал на 14 август 1941 година. За светец е прогласен од Иван Павле II. во 1982 година. Неговиот живот е примерна приказна за христијански херој, за кој секогаш се исплати да се потсетуваме. Нацистите го уапсиле во февруари 1941 година, заедно со други собраќа, а на 28 мај истата година, отец Максимилијан го носат во Аушвиц.

Само љубовта создава

И покрај пеколот на концентрациониот логор, постоеле мали агли од рајот благодарение на способноста на тој монах, затвореник под сериски број 16670, да ја поднесе суровоста и да ги утеши своите колеги затвореници. Кога еден од нив успеал да побегне, започнала нацистичката одмазда и 10 затвореници биле затворени во бункер за глад. Отец Колбе, кажувајќи дека е католички свештеник, се понудил да го заземе местото на еден Полјак, татко и семеен човек, Францишек Гајовичек, човек кој до последните денови, во 1995 година, не престанал да зборува за големината на тој гест што му го спаси животот. Отец Максимилијан издржа 14 дена во бункерот, а потоа крвниците ја забрзаа неговата смрт со инјектирање фенол и го однесоа неговото тело во крематориум во предвечерието на празникот Голема Богородица. Заветот на тој монах се неговите последни зборови, кои одекнуваат во Твитер пораката на Папата: Омразата е бескорисна, не служи за ништо, само љубовта создава.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот