Во Ватикан отворена нова амбуланта за бездомниците и поклониците

Во Ватикан отворена нова амбуланта за бездомниците и поклониците

По повод празникот Божиќ папата Фрањо на бездомниците им поклони амбуланта која ќе се наоѓа под колонадата на плоштадот Свети Петар и ќе го носи името „Амбуланта – Мајка на Милосрдието“. Исто така ќе служи и за потребите на поклониците за време на папските аудиенции.

Новата амбуланта ќе ја замени досегашната која беше отворена во февруари 2016 година. Оваа амбуланта е дар на папата Фрањо за бездомниците, кои претходно покрај тушеви и берберница им беа достапни и здравствени услуги.

Работите, кои овие денови се завршени, ги проектира и ги водеше Управата на градот Ватикан во координација со Управата за хигиена и здравје. Амбулантата се состои од управа, три простории за медицински прегледи, две бањи и чекални. Собите се опремени со нова опрема и медицински апарати, кои се користат за лекарски прегледи во примарната здравствена заштита.

Амбулатната ќе биде отворена за прегледи за лицата во потреба три дена во седмицата: понеделник, четврток и сабота. Во останатите денови амбулантата ќе биде на располагање на поклониците за време на папските аудиенции или други настани на плоштадот Свети Петар.

Во амбулантата „Мајка на Милосрдието“ ќе волонтираат лекари, медицински техничари и друг здравствен персонал вработени при Светиот Престол и на римскиот Универзитет Тор Вергата, како и волонтери од Здружението за солидарна медицина. Исто така во амбулантата ќе доаѓаат и студенти и специјализанти од Медицинскиот факултет Тор Вергата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот