Папата: Солидарноста е начин да се надмине кризата

Папата: Солидарноста е начин да се надмине кризата

Папата Фрањо во втроник 26 март 2024 година испрати видео порака до жителите и институциите на аргентинскиот град Росарио, кој веќе неколку недели е место на убиства и други злосторства на трговците со дрога. „Треба да работиме на прашањето за понудата и побарувачката на лекови преку политики за превенција и помош. Молкот на државата на оваа тема ја олеснува употребата и трговијата со дрога”. Папата апелира до црквата да ги придружува сите зависници од дрога и нивните семејства

Римскиот бискуп ја истакнува важноста од присуството на безбедносните сили во општеството: секоја земја има алатки за надминување на кризите кои го загрозуваат нејзиниот интегритет и безбедност, истакна Светиот Отец, нагласувајќи ја потребата од соработка на сите политички, правни, економски, финансиските и полициските власти да креираат закони и политики способни да го обноват општественото ткиво.

Ваквата стратегија, според Папата, мора да овозможи социјална помош и спречувањето на криминалот, бидејќи молкот на државата во оваа област придонесува за трговија и ширење на дрогата. Демократскиот систем мора да служи како чувар на институционалноста на судството, да биде независно и да се бори против корупцијата и перењето пари поврзани со трговијата со дрога. Сите членови на судството мора да бидат одговорни за одржување на неговиот интегритет, почнувајќи од чистотата на сопственото срце.

Светиот Отец апелира до бизнис секторот не само да избегнува соработка со криминални организации, туку и да воспостави социјална интеракција: од заканите и ранливоста, никој не може да се спаси. Глобалниот развој бара креативност и колективен напор, особено од страна на оние со претприемачки талент и иновации.

Папата Фрањо ги повикува сите општествени, граѓански и верски институции да се обединат за да го промовираат развојот и благосостојбата на сите членови на општеството. Градот Росарио има многу институции кои работат за доброто на луѓето и сите можат да соработуваат во едукативни, социјални и спортски активности. Не смееме да бидеме совладани од стравот, кој секогаш „изолира“ и „парализира“, туку мора да се вклучиме во „мирен и вдахновен одговор“.

Според Римскиот бискуп, секој човек има индивидуална улога во помагањето и создавањето подобра иднина за сите.

Црквата од своја страна е должна да ги придружува и поддржува жртвите на насилство, болните, луѓето со зависности, затворениците и најранливите; парохиите мора да бидат простор каде секој може да се чувствува сакан и прифатен: за многу деца и млади луѓе, забележува Папата, ова може да биде единственото искуство на семејство, братска поддршка и грижа.

Во време на криза и опасност, љубовта и милосрдието стануваат најживописното проповедање на Евангелието за општеството, нагласува Папата и ги доверува жителите на градот на мајчинското застапништво на Пресвета Богородица од Бројаницата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести

За авторот