Папата Фрањо: Да молиме за мир во Либија

Папата Фрањо: Да молиме за мир во Либија

Во говорот после молитвата ангел Господов на 18 октомври 2020 година Папата го охрабри 18-те италијански рибари кои се задржани во Либија, а по повод Мисиската недела поттикна сите христијани да бидат ткајачи на мирот. Го пренесуваме говорот во целост.

Драги браќа и сестри.

Денес го славиме Светскиот ден на мисиите, кој има за тема: „Еве ме, испрати ме мене. Ткајачи на братство“. Прекрасен е тој збор ‘ткајач“: секој христијани е повикан да биде ткајач на братство. На посебен начин тоа се мисионерите свештеници, Богосповетените лица и верниците лаици кои го сеат евангелието на големото поле во светот. Молиме за нив и да им дадеме конкретна поддршка.

Во врска со ова сакам да се заблагодарам на Бог за долго очекуваното ослободување на отец Пјерлуиџи Макали – да го поздравиме со аплауз – кој беше киднапиран пред две години. Се радуваме исто така што со него се ослободени уште тројца заложници. И понатаму молиме за мисионерите и катехистите, како и за оние кои се прогонети или се жртви на киднапирања во разни делови од светот.

Би сакал да упатам зборови на охрабрување и поддршка на рибарите кои повеќе од месец дена се запрени во Либија како и нивните семејства. Ставајќи ја својата доверба во Марија, Ѕвезда на морето искрено се надевам дека наскоро ќе можат повторно да ги прегрнат своите најсакани. Се молам исто така за разните разговори кои се водат на меѓународно ниво како би вродиле со важни плодови за иднината на Либија.

Браќа и сестри, дојде часот да сеа запрат сите облици на непријателства, поттикнувајќи дијалог кој води кон мир, стабилност и единство во таа земја. Да се помолиме заедно, во тишина, за рибарите и за Либија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот