Во Светата куќа во Лорето Светиот Отец потпиша Апостолски поттик за младите

Во Светата куќа во Лорето Светиот Отец потпиша Апостолски поттик за младите

Светата Миса во Светата назаретска куќа во Лорето и потпишувањето на Апостолскиот поттик „Christus vivit“ кој се однесува на Бискупската синода посветена на младите, одржана во октомври минатата година, се првите настани од посетата на папата Фрањо во Лорето на 25 март 2019 година, каде радосно го пречекаа повеќе од 10.000 верници.

Зборовите на Марија „Нека ми биде според зборовите Твои“ денес повторно одекнаа во Светата куќа, во која папата Фрањо служеше света Миса. Тој е првиот Папата, после 162 години, кој служеше света Миса во малата назаретска куќа, имено после папата Пиј IX во 1857 година. Меѓутоа во тој период не престанале посетите на Папите на Лорето; Во посета на Лорето биле Иван XXIII, свети Иван Павле II и Бенедикт XVI, но и многу други Папи пред нив.

Папата не проповедаше, туку со неколку зборови даде вовед во молитвата на верните. Марија е ковчег на Новиот и Вечниот сојуз; во Неа по делувањето на Светиот Дух се исполнува таинството на Синот Божји, кој стана човек. Да ги упатиме на Господ нашите молитви со вера и понизност. Да кажеме заедно: Нека се исполни во нас Твоето слово, Господи – рече Папата.

Веднаш после светата Миса, на олтарот пред статуата на Црната Богородица, Папата го потпиша Апостолскиот поттик во облик на Писмо до младите, како потврда на синодата посветена на младите, одржана во октомври минатата година во Ватикан. Потпишувањето на Апостолскиот поттик надвор од Ватикан исто така е потврда за врската помеѓу младите и маријанското светилиште во Лорето.

Пред светата Миса папата Фрањо се задржа долго во молитва и тишина пред статуата на Црна Богородица, пред која положи роза.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот