Кардинал Паролин: КОП26 мора да ја потврди важноста за мултулатерализам и акција

Кардинал Паролин: КОП26 мора да ја потврди важноста за мултулатерализам и акција

Државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин како ватикански делегат на 26 Конференција за климатски промени на Обединетите нации, КОП26 за Ватикан њуз објасни што Светиот Престол очекува од ова конференција која ќе се одржи од 31 октомври до 12 ноември во шкотскиот град Глазгов.

Повеќе од 30.000 делегати, 200 светски лидери, стручнаци за клима и активисти ќе се соберат во Глазгов по повод 26 Конференција за климатските промени. Целта е да се ажурираат плановите за намалување на емисиите во борбата против нивото на глобалното затоплување. Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш повика на 26 октомври на конкретно делување, зборувајќи дека сме на добар пат кон климатска катастрофа. Папата Фрањо исто така на 29 октомври преку BBC по повод одржувањето на КОП 26 рече дека се потребни радикални одлуки за човештвото да се извлече од меѓусебно поврзаните кризи кои ги доживува. Ватиканскиот претставник во Глазгов Папскиот државен секретар, кардиналот Пиетро Паролин кој објасни за Ватикан њуз дека конференцијата е задолжена за ратификација на конкретните начини за спроведување на обврските преземени со Парискиот договор од 2015 година.

Знаеме колку процесот на негово ефикасно спроведување исто така во светло на пандемијата се покажа сложено и неизвесно, рече државниот секретар.

Започнавме процес на премин на развоен модел без технологијата и однесувања кои имаат влијание на емисијата на стакленичките гасови. Но, главното прашање е колку овој процес на транзиција ќе биде брз и може ли да се следи временскиот распоред кој го диктира науката, истакна. Светиот Престол се надева дека КОП26 повторно ќе ја потврди клучната важност на мултилатерилизмот и акциите, исто така со оглед на т.н. недржавни актери. Со оглед на досегашниот бавен напредок, Конференцијата во Глазгов ќе се покаже многу важна затоа што ќе се мери и ќе поттикне на колективна волја и ниво на амбиција на поединечни држави, рече во интервјуто кардиналот Паролин.

Претходната конференција во Мадрид е завршена со повикот на поамбициозни напори. За кардиналот тоа претставува еден „културен предизвик“. Имено одговорите на пандемијата и климатските промени се прилика за исполнување на надежта која папата Фрањо ја изразува во енцикликата Лаудато Си, во која спомнува дека додека постиндустрискиот период бил неодговорен период во историјата на човештвото, човештвото на 21 век ќе има прилика да се памети по тоа колку се носело со тешките одговорности. Па, тоа претставува еден „културен предизвик во промовирањето на општото добро и промената на светогледот кои во центарот на секое делување ќе го ставаат човечкото достоинство, рече кардиналот Паролин.

Појавите како пандемија и климатски промени на големо ја покажаа потребата за промена на насоката на која повикува Папата. Таа промена на насоката се заснова на свеста дека мора заедно да соработуваме за да го зацврстиме сојузот на луѓето и животната средина, со посебна грижа насочена кон најранливите групи, нагласи кардинал Паролин.

Говорејќи за целосна екологија на која повикува Папата во контекст на претстојната конференција кардиналот Паролин истакна дека станало до сега очигледно дека меѓусебно се поврзани животната средина и општеството. Мирот, правдата и зачувувањето – објасни кардиналот – не можат да се гледат поеиднечно за повторно да не паднеме во редукционизам. Затоа е важно КОП26 да пружи јасен, колетивен одговор. Не само во промовирањето на напорите за ублажување и прилагодување на климатските промени, туку и во помагањето на најранливите земји за да се соочат со загубите и штетите кои веќе ги предизвикаа климатските промени.

Единствениот начин како ефикасно да се спроведат начелата од Парискиот договор, кардиналот гледа во усвојувањето на став насочен кон меѓузависноста и делењето, во преминот од „култура на отфрлање“ во „култура на грижа“ како што беше истакнато во заедничкиот апел кој папата Фрањо го потпиша на 4 октомври заедно со верските лидери и научниците.

Најновите податоци на разни меѓународни научни агенции не се охрабрувачки во поглед на напорите на меѓународната заедница во остварувањето на целите од Парискиот договор, рече понатаму државниот секретар. Тоа покажува на потешкотиите во промената на насоката, за која говори папата Фрањо, но уште појасно ја покажува нејзината итност. Имаме средства и ресурси за ова промена на насоката; изгледа дека сѐ уште недостасува јасна политичка волја. Таква „задолжителна промена на насоката“ за која говори Папата мора да вклучува сѐ. Младите први препознаа дека никој не смее да се воздржува или да пропушти совесно да се обврзе пред овој голем предизвик.

Завршувајќи со зборовите од заедичкиот апел дека сме наследиле градина и дека не смееме да своите деца да им оставиме пустина, кардиналот Паролин нагласи дека КОП26 претставува важна прилика за конкретна афирмација која има намера да го постигне.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот