Папата се обрати преку видео порака пред посетата на балтичките земји

Папата се обрати преку видео порака пред посетата на балтичките земји

По повод апостолската посета на Литванија, Летонија и Естонија, која ќе ја започне на 22 септември, папата Фрањо на жителите од тие земји им се обрати преку видео порака во која истакнува дека слободата е богатство кое треба да се чува и пренесува.

Во време на темнина, насилство и прогони, пламенот на слободата не се гасне, туку поттикнува надеж во иднината во која се почитува достоинството кое Бог му го дава на секој човек, и во која сите се чувствуваме повикани да соработуваме во градењето на поправедно и братско општество – рече папата Фрањо во видео пораката упатена до жителите на Литванија, Летонија и Естонија кои ќе ги посети од 22 до 25 септември по повод 100 годишнината од незавиноста.

Изразувајќи надеж дека неговата посета ќе биде извор на охрабрување, Папата напомена дека слободата е богатство кое треба постојано да се чува и пренесува и ги истакне жртвите од минатото на оние кои ја направиле возможна денешната слобода.

Во пресрет на патувањето Светиот Отец во базиликата Света Марија Велика

Во пресрет на патувањето, Светиот Отец на 20 септември попладне ја посети римската базилика Света Марија Велика и се задржа во молитва пред иконата на Salus Populi Romani (Спасение на римскиот народ) – потврди на Твитер директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Грег Бурке.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот