Порака на екуменскиот патријарх Вартоломеј I до папата Фрањо

Како скапоцено богатство да го чуваме во срцето споменот од неодамнешните лични средби со Светиот Отец во Ерусалим и во Рим, кои уште повеќе ги обновија и зацврстија нашите братски врски, потврдувајќи ја и нашата желба да продолжиме да одиме по патот кон полно единство и заедништво кое го посакува Господ – пишува екуменскиот патријарх Вартоломеј I во писмото до папата Фрањо, а по повод празникот на светите апостоли Петар и Павле.

Во писмото патријархот потсетува на патувањето во Светата Земја, по повод годишнината од средбата помеѓу папата Павле VI и патријархот Атенагора и изразува благодарност до Папата за поканата за молитвата за мир одржана во Ватикан, заедно со претседателите на Израел и Палестина. Според зборовите на патријархот таа средба „беше впечатлив настан“.

На крајот патријархот ја воздигнува својата молитва за папата Фрањо за да може да го продолжи своето скапоцено водство и служба во современиот свет, надахнувајќи ги сите луѓе со крепостите на својот карактер и љубов за Бог и човечкиот род.

 РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот