Вие сте конкретен знак за милосрдието на Отецот

На 24 септември 2016 година папата Фрањо имаше аудиенција за сестрите на милосрдието и ги охрабри во нивната мисија и покрај предизвиците на секуларната култура. Сестрите ги прими во ватиканската сала Клементина и им се заблагодари за нивното служење и заземањето за оние во потреба.

На 24 септември 2016 година папата Фрањо имаше аудиенција за сестрите на милосрдието и ги охрабри во нивната мисија и покрај предизвиците на секуларната култура. Сестрите ги прими во ватиканската сала Клементинаи им се заблагодари за нивното служење и заземањето за оние во потреба. „Вие сте конкретен знак за тоа како се изразува „милосрдието на Отецот“, истакна Папата. Во продолжение го даваме целиот говор на Папата:

Со радост ве примам во деновите на овој Јубилеј на милосрдието, што посебно се однесува на вас кои се заземате, бидејќи директно одговара на вашиот повик. Благодарам на Мајка Паоли Јаковоне на толите зборови; и му благодарам на Господ за заземањето кое вашето монашко семејство го става на патот со верноста на изворната харизма; претпазлива кон новите облици на сиромаштво во нашето време. Вие сте конкретен знак како се ирзазува милоста на Отецот.

Интуицијата на основателката, слугинката Божја Тереса Орсини Дорија Памфили Ланди доволно говори колку Словото Божјо може да го промени животот на оние кои стануваат Негови ученици. Оваа благородна жена, лаик со поддршка на двајца свештеници се води од Исусовите зборови: Болен бев и ме посетивте (Мт 25, 36). Пред слабоста која со себе ја носи болеста, не може да се прави разлика во општествениот статус, расата, јазикот или културата; сите стануваме слаби и мораме да се довериме на другите.

Црквата чувствува како своја должност и одговорност да биде во близина на оние кои трпат, да им донесе утеха, охрабрување и пријателство. Својот живот сте го посветиле пред сè на служење на браќата и сестрите кои се закрепнуваат по болниците, затоа што благодарение на вашето присуство и професионалноста се чувствуваат поддржани во својата болест. Никогаш не се откажувајте од таа толку вредна служба и покрај сите потешкотии кои можат да се појават. Понекогаш во нашето време световната култура настојува на болните во болниците да им го одземе секој спомен на она верското, започнувајќи од самото присуство на сестрите. Кога тоа ќе се случи придружено е често со болен недостаток на човечки контакт и човечност во местата каде што се трпи. Никогаш не се изморувајте да бидете пријатели, сестри и мајки на болните; молитвата секогаш е лимфата која го одржува нивното евангелско послание.

Кога се приближувате до пациентите имајте во срцето мир и радост кои се плод на Светиот Дух. На тој болнички кревет во човекот кој страда секогаш лежи Исус и Он е Тој Кој бара помош, од секој од нас. Нека близината на Исус и најслабите биде вашата сила. Четвртиот завет кој вас како монашко семејство ве карактеризира е актуелен од било кога посебно, затоа што се повеќе оние кои се без семејство, дом, без татковина, на кои им е потребно прифаќање. Живеејќи го доследно овој посебен завет имајте ги во себе истите чувства како Христос кој „иако богат стана сиромашен“ (2Кор 8, 9). Нека секогаш ве придружува Светата Мајка на Милосрдието и нека ве поддржува во секојдневото служење на најслабите. Искрено ве благословувам и ве молам да се молете за мене. Во благодарам!

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот