Папата прими членови од Европскиот еврејски конгрес

Папата прими членови од Европскиот еврејски конгрес

На Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од хоолокаустот, 27 јануари, папата Фрањо се сретна со членови на Европскиот еврејски конгрес. На средбата присуствуваше и патер Норберт Хофман, секретар на Комисијата на Светиот Престол за верски односи со еврејската заедница, кој после средбата во разговор за Радио Ватикан рече дека Папата го започна својот разговор спомнувајќи го токму Денот на сеќавање, кој е многу важен за евреите, но и за сите нас. Светиот Отец истакна дека спомнувањето на жртвите од холокаустот е многу важно, за никогаш повеќе да не се повтори таа човечка трагедија – рече патер Норберт.

Претседателот на Европскиот еврејски конгрес, Моше Кантор зборуваше за важноста на етиката, како и за христијанските и еврејските вредности кои ни се заеднички. Тој рече дека во нашиот свет гледаме голем напредок, но и големо пропаѓање на моралните и етичките вредности. Поради тоа треба да се зајакнат вредностите кои ни се заеднички. Потоа зборуваше за важноста на воспитувањето и семејствата,– рече патер Норберт Хофман.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот