Молитвената накана на папата Фрањо за јуни посветена на семејството

Молитвената накана на папата Фрањо за јуни посветена на семејството

Семејството е во центарот на видеото на Папата со молитвена накана за јуни, подготвено од Папската светската молитвена мрежа. Папата Фрањо потсетува на претстојната Светска средба на семејствата во Рим и ги охрабрува христијанските семејства да покажат љубов со конкретни гестови, да учат од грешките и да го најдат Божјото присуство во секое време

Љубовта во семејството е личен пат на светост за секој од нас – е мислата од видеото со молитвената накана за јуни, објавено во четврток 2 јуни 2022 година, кое папата Фрањо и го доверува на Црквата преку Папската светската молитвена мрежа на Папата .

Во пресрет на Светската средба на семејствата

Погледот на Папата е насочен кон Светската средба на семејствата што ќе се одржи од 22 до 26 јуни во Рим, кој пак ќе биде последен настан во годината посветена на размислување за семејството, по повод петгодишнината од Апостолскиот поттик Amoris laetitia.

Не постои совршено семејство

Светиот Отец се моли за христијанските семејства ширум светот, со конкретни дела да ја живеат бесплатната љубов и светост во секојдневниот живот. Не постои совршено семејство. Секогаш има некое „но“ – вели Папата. Но, ништо нема да се случи. Не треба да се плашиме од грешките; треба да учиме од нив за да одиме напред. Да не заборавиме дека Господ е со нас: во семејството, во соседството, во градот во кој живееме, Тој е со нас.

Бог е со семејство

Не плашете се ни среде брановите на животот, зашто Бог се грижи за нас. Тој се грижи за нас, секогаш останува со нас при нишањето на коработ што го фрла морето: кога се расправаме, кога страдаме, кога сме радосни, Господ е тука и нè придружува, ни помага и нè подига.

Да се биде заедно

Семејството учи да се биде заедно меѓу различни генерации – рече папата Фрањо. Семејството е место каде што учиме да живееме заедно со помладите и со постарите. И во овој заеднички живот на младите, постарите, возрасните и децата, останувајќи обединети во различностите, ние евангелизираме со нашиот пример во со животот.

Семејството е на прво место

Видеото на Папата во јуни е второ во тримесечната серија посветена на семејството, направено од Папската светската молитвена мрежа во соработка со Дикастеријата за лаици, семејство и живот. Во мај протагонисти беа младите, а во јули ќе бидат постарите луѓе. Спротивно на податоците кои ја покажуваат постојаната криза низ која поминува семејството – признато како основна клетка на општеството – продолжува и понатаму да биде главниот извор за смисла на животот на многу луѓе. Податоците доаѓаат од студијата на Истражувачкиот центар Pew, спроведена во 2021 година, според која семејството е на прво место меѓу реалностите кои му даваат смисла на постоењето.

Посебно во обичното

Од своја страна, кардиналот Кевин Фарел, префект на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, исто така истакна дека не постојат совршени семејства, како што не потсетува Amoris laetitia и дека не треба да се плашиме од тешкотии. Во сите семејства има грижи, страдање, но и радост и надеж. Односите на љубовта меѓу сопружниците, родителите, децата и бабите и дедовците ги претвораат во патишта на светост кои прават едноставни секојдневни гестови, а обичните моменти ги претвораат во посебни – изјави кардиналот Фарел.

Важноста на молитвата

Исусовецот отец Фредерик Форнос, меѓународен директор на Папската светска молитвена мрежа, истакна дека папата Фрањо нѐ потсетува дека семејството е место каде што учиме да живееме со различности, со млади и стари. Запознавањето со различни луѓе е богатство, а не закана. Во денешниот свет, различноста се чини дека предизвикува конфликт, а напротив, треба да отвори нови патишта. Семејството е место каде се учи да се сака, да се живее со различности, да се учи од грешките, да се биде свесен дека Господ е присутен, да ни помага и придружува. Ова искуство на Божјото присуство произлегува од молитвата; затоа е важно да се молиме за наканата на Папата – рече отец Форнос.

Видеото на Папата, преведено на 23 јазици и објавено во 114 земји, од 2016 година е прегледано повеќе од 176 милиони пати на сите ватикански социјални мрежи.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот