Папата: Со социјалните предизвици соочете се само со оружјето на милосрдието

Папата: Со социјалните предизвици соочете се само со оружјето на милосрдието

Поздравувајќи ги монахињите на сестрите социјални служителки на 100-годишнината од нивното основање, папата Фрањо ги охрабри монахињите да се соочат со социјалните предизвици „само со оружјето на милосрдието“.

Во петок, на 20 јануари 2023 година, папата Фрањо се сретна со монахињите на Друштвото на сестрите на социјални служителки по повод 100-годишнината од основањето на заедницата основана од Маргит Слахта, која, како што рече, дури и како посветена жена, успеала да се прилагоди со силна харизма на различни политички и општествени настани од тоа време.

Одбрана на слободата, правдата и вистината

Римскиот бискуп одржа говор пред присутните монахињи и продолжи да зборува за сеќавањето на Маргит Слахта и за она што го импресионирало кај неа.

Она што посебно вдахновува е нејзината изјава за време на холокаустот дека заповедите на верата ги обврзуваат чесните сестри да ги заштитат Евреите, ризикувајќи ги при тоа сопствените животи, рече папата Фрањо.

За нејзиното учество во спасувањето на повеќе од две илјади Евреи за време на Втората светска војна, постхумно ја добила наградата „Праведник меѓу народите“.

Ова го наведе Папата размислувајќи за болната вистина. Многу маченици загинаа за верата, рече Папата, не затоа што им беше ускратена слободата да го обожаваат својот Бог, туку затоа што кохерентноста на животот што им беше наметнт од таа вера ги натера единствено така да ја бранат слободата, правдата и вистината.

Како пример папата Фрањо го посочи свети Иван Крстител, кому царот Ирод му ја отсекол главата затоа што го предупредил дека не живее според Божјиот закон.

Повикани сме да бидеме сведоци

Истакнувајќи дека Бог го вдахновил основањето на Друштвото на сестрите на социјални служителки во тешки околности на меѓувоениот период, папата Фрањо рече: Нашето сегашно време не се разликува, а денес, како и во минатото, повикани сме да бидеме сведоци.

Тој изрази надеж дека зборовите на основачката ќе одекнат во срцата на сегашните сестри, со истиот жар што одекнувал во самите почетоци на делувањето на заедницата.

Папата го заврши обраќањето инсистирајќи дека ние само ја повторуваме вистината, а вистината е дека нема поголема љубов од давање на својот живот за другите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот