Транспарентна соработка на Светата Столица со Манивал

Ватикан, 11.4.2013 /к.мк/ – Светата Столица го продолжува дијалогот со Манивал, (Мoneyval) експертскиот комитет на Советот на Европа за оценка на мерките против перењето пари и спечување финансирање на тероризмот во земјите членки, вклучувајќи ја и Светата Столица. На вчерашната седница Комитетот донел одлука следниот извештај на Светата Столица за напредокот (Progress Report) да биде претставен во декември оваа година. Покрај тоа, Манивал ја прифатил одлуката на Светата Столица во извештајот да не бидат земени само основните препораки (Corе Recommendations), туку и сите чекори кои се преземени во делот на клучни препораки (Key Recommendations). Со оваа иницијатива, Светата Столица демонстрира јасна желба да понуди комплетна слика на преземените мерки за дополнително зајакнување на институционалната власт во превенција на перењето на пари и спречување на финансирање тероризам.

Првиот извештај на Манивал, објавен во јули 2012, даде позитивна оценка на Светата Столица за 9 од 16 препораки против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Остануваат 7 препораки за кои Ватикан потврди дека ќе вложи напори за постигнување на меѓународните стандарди на ова поле.

Според стандардите на Манивал, секоја страна е обврзана да достави на пленарното собрание на Комитетот извештај за напредокот (Progress Report) во рамките на основните препораки (Corе Recommendations). Во прилог на ова Светата Столица го потврдува конструктивниот дијалог со Манивал и желбата за финансиска транспарентност.

Примената на мерки од Ватикан за превенција на перењето пари и спречување за финансирање на тероризмот почнуваат кон крајот на 2010 со усвојувањето на посебен закон од оваа област, кој стапи на сила во април 2011, а во февруари 2012 година Ватикан побара од Манивал комисија за проценка.

Транспарентната соработка на Светата Столица со Манивал, како и напорите за воведување високи стандарди во финансискиот сектор на Ватикан индиректно ги отфрла шпекулациите на медиумите за финансиското работење на Светата Столица.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<