Ангел Господов: Секогаш постои надеж за откупување на грешникот

Ангел Господов: Секогаш постои надеж за откупување на грешникот

Папата Фрањо во неделното пладневно обраќање, на 1 октомври 2023 година, говореше за искреноста на оној кој прво вели дека ќе оди да работи во лозјето, а потоа не оди; тој е „расипан“ и оној кој, напротив, веднаш вели не, но потоа решава да појде; тој е грешник кој сепак е искрен

Два одговори: „не“, кое подоцна се предомислува и лажно „да“. Ова се одговорите на двајцата синови по молбата на нивниот татко да појдат да работат во лозјето, од параболата од Евангелието за неделната Литургија. Папата Фрањо размислуваше за тој пасус и за нивната искреност. Од една страна има враќање на стекнатата позиција, од друга лажна согласност. Првиот е грешник, вториот е расипан.

За грешникот секогаш постои надеж за откупување; меѓутоа за расипаниот е многу потешко. Имено, неговото лажно „да“, неговите елегантни, но лицемерни настапи и неговите преправања кои станаа навики, наликува на дебел „гумен ѕид“ зад кој се крие од повикот на совеста. Тие лицемери прават толку многу зло; сите сме грешни, но не сме расипани!

Тежината на прикривање

Да се појде и да се работи во лозјето бара жртва, а таа жртва има своја цена – објасни Папата: Но проблемот не е поврзан со противењето да се оди на работа во лозјето, туку со чесноста или неискреноста кон таткото и кон себе. Еден од синовите, иако вели „да“, сака да избега од конфликтот и избира „лажна согласност“ која му го спасува образот, но со тоа го разочарува таткото. Тој е лицемер.

Проблемот со човекот кој така се однесува е што тој не само што е грешник, туку и расипан, бидејќи отворено лаже за да ја прикрие и камуфлира својата непослушност, не прифаќајќи никаков искрен дијалог или соочување.

Не совршено, но искрено

Вториот син е храбар во својата неволност – рече Папата – делува отворено, презема одговорност за своето „не“. Со оваа длабока искреност, на крајот се испитува, сфаќа дека згрешил и се враќа на патот. Во светло на сето ова, Светиот Отец ги поттикна верниците да си постават неколку прашања:

Соочен со напорот да живеам чесен и великодушен живот, да ја прифатам волјата на Отецот, дали сум подготвен да кажам „да“, секој ден, дури и ако тоа има своја цена? Кога не можам да го направам тоа, дали искрено му ги кажувам на Бога моите тешкотии, моите неуспеси, моите слабости? Кога ќе кажам „не“, дали се враќам? Разговарајте со Господа за тоа. Кога ќе направам грешка, дали сум подготвен да се покајам и да се вратам на патот? Или се преправам дека ништо не се случило и живеам со маска, грижејќи се само да оставам впечаток на голема и чесна личност? И на крајот, дали сум грешник, како и сите други, или има нешто расипано во мене? Не заборавајте: грешници да, но расипани не.

Ова е испит на совеста, за што треба да бараме помош од Марија, „огледалото на светоста“, за да ни помогне да бидеме искрени христијани.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот