Свети Три Светители

Свети Три Светители

Заедничкиот празник на трите свети архиереи е воспоставен околу 1100 година, за време на царот Алексеј I Комнен, како последица на жестоките дискусии кои се појавиле помеѓу научителите од овој период за тоа кој од овие чествувани архиереи на црквата е поголем: Свети Василиј Велики (1 јануари/14 јануари), Свети Григориј Богослов (25 јануари/7 февруари) или свети Иван Златоуст (27 јануари/9 февруари). Некои се одучиле за свети Василиј Велики, заради неговата голема интелигенција и висок морал, други за свети Иван Златоуст, ненадминлив во убедливата сладост од неговите проповеди, а трети за свети Григориј Богослов заради неговата елегантна реторика и капацитет во дијалектиката. Покрај тоа, сите одделно, со цел да се разликуваат од другите, го преземале името на нивниот светец, и така биле нарекувани Василијанци, Ивановци и Григоријанци.

Според традицијата, за да се стави крај на овој спор, се одлучило да се побара совет од Иван, епископот Евтахиски. На него во сон му се појавиле тројцата светци кои му кажале за нивната еднаква слава во Царството Божјо и побарале да се востанови еден заеднички празник за сите тројца.

Епископот Иван овој празник го постановил на 30 јануари (12 февруари според јулијанскиот календар).

Византиски календар/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот