Слово за живот – Мај 2017

Слово за живот – Мај 2017

„Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот.“ (Матеј 28, 20)

На крајот на своето евангелие Матеј проповеда за последните настани од Исусовиот живот на земјата. Тој воскресна и го заврши своето послание: навестувањето на обновувачката Божја љубов кон секое суштество и отворање на патот кон братството во човечката историја. За Матеј, Исус е „Бог со нас“, Емануел ветен од пророците и исчекуван во израелскиот народ.

Пред враќањето кај Отецот, Тој ги собира учениците, тие со кои одблиску го делел своето послание, доверувајќи им да го продолжат неговото дело во времето.

Тешка задача! Но Исус ги смирува. Не ги остава сами, туку ветува дека ќе биде со нив секој ден. Ќе ги поддржува, ќе ги следи и храбри „до свршетокот на светот“.

Со негова помош ќе бидат сведоци на средба со него, со неговите зборови и со неговите дела на прифаќање и милосрдие на сите и кон сите, за да можат тогаш многу други да го сретнат и заедно да го создадат новиот Божји народ втемелен на заповедите на љубовта.

Можеме да кажеме дека радоста Божја е токму во тоа да биде со мене, со тебе, со нас, секој ден, до крајот на нашата лична историја и историјата на човештвото.

Но дали е тоа така? Дали навистина е можно да се сретне?

Тој е „зад аголот, зад мене, зад тебе. Се крие во сиромашните, во оние кои се презрени, малите, болните, во оној кому му е потребен совет,во оној кој е лишен од слобода. Тој е во грдиот, во отфрлениот… Го кажа и ова: “огладнев и ‘ми’ дадовте да јадам….“  Да научиме да го откриваме таму каде што се наоѓа. 

Присутен е во неговите зборови кои го обновуваат нашиот живот кога ќе ги спроведеме во пракса. На секоја точка од земјата е во евхаристијата, делува преку своите службеници, служители на својот народ. Присутен е кога го создаваме складот меѓу нас. Тогаш нашата молитва кон Отецот е делотворна и наоѓаме светлина во секојдневните одлуки.

„Јас сум со вас во сите денови, до крајот на светот“. Колкава надеж ни дава тоа ветување! Тоа нѐ охрабрува да го бараме на нашиот пат. Да го отвориме срцето и рацете за прифаќање и делување, лично и како заедница: во семејствата и црквите, на работните места и во моментите на прослава, во граѓанските и верските заедници. Ќе го сретнеме Исус и тој ќе не изненади со радост и светлина, со знаците на својата присутност.

Но секое утро да станеме со мислата: „Денес сакам да откријам каде Бог сака да ме сретне“ и ние ќе доживееме радосно искуство како следново:

„Мајката на мојот сопруг силно е врзана за својот син, до степен на љубомора. Пред година дена и беше дијагностициран тумор. Нејзината единствена ќерка не беше во можност да и ја пружи потребната нега и грижа. Во тој период учествував на Маријаполи и средбата со Бог кој е Љубов ми го промени животот. Првата последица од мојата преобразба беше одлуката без страв свекрвата да ја примам во мојот дом. Светлината која се запали во моето срце  ми помогна да ја гледам со нови очи. Знаев дека преку неа се грижам за Исус и го негувам Него.

На мое изненадување, таа на секој мој гест возвраќаше со иста љубов.

Поминаа повеќе месеци исполнети со жртва, а потоа мојата свекрва мирно се пресели во небото, оставајќи им мир на сите.

Тие денови забележав дека очекувам дете кое желно го исчекувавме веќе девет години! Тоа дете за нас беше видлив знак на Божјата љубов.“

Летиција Магри

 

 

Категорија: Вера, Духовност

За авторот