Слово Божјо за денес: Да бидеме луѓе подготвени за промена

Слово Божјо за денес: Да бидеме луѓе подготвени за промена

Од Светото Евангелие според Лука (11, 29-33)

29. А на народот, што се собираше, почна да му зборува: „Лукав е овој род; бара знаци, но нема да му се даде знак, освен знакот на пророкот Јона; 30. зашто, како што Јона беше знак за Ниневијците, така и Синот Човечки ќе биде за својот род. 31. Јужната Царица ќе излезе на суд со луѓето од овој род и ќе го осуди, оти таа дојде од крај земја да ја чуе мудроста на Соломона; а ете, тука е поголем од Соломона. 32. И Ниневијците ќе излезат на суд со луѓето од овој род и ќе го осудат, зашто тие се покајаа од проповедта на Јона; а ете тука е поголем од Јона. 33. Никој, пак, не клава запалено светило на сокриено место, ниту под поклоп, туку на свеќник, за да ја видат светлината оние што влегуваат.

(…)Исус речиси цел живот мораше да се докажува. Современиците од Него барале знаци, барале уверување, бараат од Него со чуда да го потврди тоа што го зборува. Со тоа се соочува уште на првиот настап во назаретската синагога, со тоа се соочува и кога учениците на Иван биле испратени во име на Иван да прашаат, дали Исус конечно е „вистинскиот“ или друг да чекаат. Ниту овде Исус не одговара директно, туку упатува на знаците кои ги прави, затоа што тие се месијански знаци. Многу пати современиците му поставуваат стапица и го прашуваат за знаци. Исус јасно им одговора на своите современици дека не ги читаат знаците на времето, дека се слепи за она што се случува во Неговата личност. Знаци ќе бара и Ирод на Исусовото судење, па дури и кога Исус ќе виси на крстот, ќе бараат да слезе од крстот. Секогаш истото искушение пред Исус, уште од искушенијата во пустината, кога го победува Искушувачот.

Исус го одбива таквото уверување, а својата генерација, своите современици ги нарекува лукав, прељубнички род, и на него му навестува суд. На неверниот Израел Исус му се спротивставува со два примери од паганскиот свет: големиот град Нинивија и Јужната Царица – едните на проповедта на Јона се преобраќаат, а таа доаѓа од крајот на земјата да ја чуе мудроста на Соломон, а овде се далеку и од самиот Соломон и од храмот. Изгледа дека незнабошците, „нечистите“ пагани се приемчиви за она што Бог го прави во Исус Христос отколку на самиот избран народ. Тие си се самодоволни, веќе заситени, сити од Божјите и зборови и говори. Паганите пак се подготвени, да слушнат и да се преобратат, што Иразил одбива да направи. (…)

Исус не е како Јона само пророк, не е како Соломен мудрец, туку конечно Слово Божјо, конечниот Божји ополномоштеник.

Нема корист да се биде од љубопитност во Исусовиот круг. Љубопитноста ништо не кошта, лесно е да се биде набљудувач или публика на трибините, лесно е да се информираш или да бидеш учесник на некаков спектакл. Човекот е трајно во потрага за мудроста на животот и смислата, сака да ја открие смислата и исполнувањето на својот живот. Царот Соломон е познат по неговата чудесна мудрост, а Јужната Царица ја овоплотува во себе човечката потреба и нагон за мудрост и спознание. Сите знаеме дека Соломон од Господ молел за мудро срце, а не за богатство или пак за долг век. Целата човечка мудрост се состои во тоа: Да се спознае Бог, да се запознае, да се искуси, и кон Него да го насочиме животот. Таа Јужна Царица е знакот на сите кои го бараат Бог, на сите оние кои ја бараат мудроста на животот, сите кои не се задоволни со сплеснатоста, со еднодимензионалноста на својата егзистенција.

Копнежот за вистинско спознание ја принудува Царицата од крајниот југ да дојде во Ерусалим. Таа е ходочасник кон вистината и спознанието, ходочасник до вистината. Исто се случува и со проповедањето на Јона. И тој го става под знак прашалник целот оној живот кои луѓето го живеат во Нинивија, но тоа за Исус е добредојдена можност, да ги спореди своите современици со Нинивијците пред нивното преобраќање. Не се свесни дека се наоѓаат пред кратерот на вулканот кој секој момент може да се скрши и сите да ги однесе во неповрат. Јужната Царица и Нинивијците Исус ги става пред своите современици како луѓе кои се подготвени на промена на животот и на преобраќање. Тие се ходочасници на вистината и мудорста. (…)

Секоја вистинска промена не се случува врз основа на интелектуалното спознание или моралното созревање, туку кога човекот ќе се сретне и соочи со Исус Христос и се отвори за неговата љубов. Тогаш стануваме учесници на небото, ветувањата, небесното царство кое Исус го навести на овој  свет. Тоа е историјата на сите светци кои во своето време станале видлив знак, а и денес. Тие во секое време се видливи знаци Божји – знаци на Исусовото присуство.

Меѓугорје/к.мк

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот