Објавата на Пресвета Богородица во Фатима (8)

Објавата на Пресвета Богородица во Фатима (8)

Петта објава

Тринаесетти септември 1917 година.  Кога се приближи часот за да одиме, се упативме со Јацинта и Фрањо, пробивајќи се низ мноштвото кое ни го спречуваше преминот. Сите патишта беа полни со луѓе.

Сите сакаа да нè видат и со нас да зборуваат, сите без разлика. Дури некои госпоѓи и господа, пробивајќи го обрачот кој нè опкружуваше, паѓаа пред нас на колена и нè молеа нивните молби да ги пренесеме на Пресвета Богородица.

Други не можејќи да ни се приближат, викаа оддалеку:

„За љубов Божја, молете ја Пресвета Богородица да ми го оздрави синот кој куца.“

Еден викна: „Нека ми го оздрави слепото дете.“

Некој повторно: „Имам глуво дете, молете ја Пресвета Богородица да го оздрави!“

Паѓаа и вакви извици: „Нека преобрати еден грешник, нека ми даде здравје затоа што сум исушен“ итн…

Овде беше можно да се види целата беда на човечкиот род. Некои викаа од ѕидови и стебла, а се качуваа само за да нè видат во минување. Одговарајќи на едни, стегајќи ја раката на други, се пробивавме многу полека и тоа благодарние на луѓето кои ни го отвораа патот.

Кога денес во Новиот Завет ги читам неопишливите сцени од Исусовото пробивање низ мноштвото по патиштата на Палестина, тогаш се сеќавам на патиштата кои водат од Алустрел кон Фатима и Кова да Ирија. И му благодарам на Бог, принесувајќи му ја верата на нашиот португалски народ.

Размислувам: „Кога тој народ толку се пристиска околу три деца кои ја имале милоста да разговараат со Богородица, како би се однесувале пред Исус Христос?!“

Но, тоа нема врска со предметот. Повторно ме заведе перото таму каде не сакав. Гледај, повторно една бескорисна девијација! Не ја бришам, да не ја осакатам хартијата.

Најпосле пристигнавме во Кова да Ирија, на изворот, и започнавме да молиме Бројаница, заедно со народот. Кратко потоа се појави светлината, а потоа веднаш Пресвета Богородица на изворот.

  • „Продолжете да молете Бројаница за да измолите свршеток на војната! Во октомври ќе дојде и Господ, Пресвета Богородица жалосна, свети Јосиф и Детето Исус, за да го благословат светот. Бог е задоволен со вашите жртви, но не сака да спиете опашани со јаже. Преку ден може да го носите.
  • Бараа да ве замолам многу работи: оздравување на некои болни, еден глувонем!
  • Добро, некои ќе ги оздравам. Други нема. Во октомври ќе направам чудо, за сите да веруваат.

Се подигна и исчезна – како редовно!

Фатимска порака Луција говори/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот