За Божиќниот пост (Аудио)

За Божиќниот пост (Аудио)

Денес имаме прекрасна тема, имено Божиќниот пост кој започнува токму денес, 28 ноември, а завршува со причестувањето на Телото и Крвта Христови на празникот Рождество Христово. Божниот пост започнува постојано на ист ден затоа што празникот Рождество Христово не е со подвижен термин.

Постот во христијанството се темели на 40 дневното Исусовото искушение во пустината и во текот на историјата на Црквата се дефинира таков каков што денес го познаваме. Во текот на на литургиската година има четири поста: Велигденски, Петровденски, Богородичен и Божиќен пост, а истовремено во текот на годината се пости во среда и петок, односно деновите кога е осуден и кога умрел на крстот.

Во Црквата постојат и еднодневни пости и тоа пред празникот  Богојавление на 18 јануари, Отсекувањето на главата на свети Иван Крстител на 11 септември и Воздвижение на светиот Крст – Крстовден на 27 септември.

Тука се отвораат прашањата за тоа како да се пости. Се препорачува да се придружува на правилата кои се дадени од Црквата, а за тоа секој може дополнително да се информира кај својот свештеник. Но што е најважно кога се пости верникот да се испвоеди, да оди редовно секоја недела и празници на света Литургија, секојдневно се моли, а исто така се обидува да врши добри дела во корист на оние во најгоелма потреба, посебно при тоа се мисли на сиромашните, болните, самите, старите и сите ранливи категории на луѓе.  Исто е важно и да се знае дека малите деца, болните, старите изнемоштени, бремените и доилките се ослободени од постот, односно само од воздржувањето од храна, а малите деца можеме да ги учиме на молитва и добри дела.

Покрај правилата на Црквата за пост, секој христијанин може да си додаде дополнителна покора за пост и на сметка на тоа да направи добро дело. Таквиот пост сигурно дека ќе му биде благоугоден на Бога.   кога еден пушач на пример за време на постот би се откажал од цигарите, а парите кои ги давал за цигари да ги собира и на крајот со нив да направи добро дело на лица во потреба. Но при ова пракса правилата за пост кои ги дава Црквата и понатаму се во важност.

Овој Божиќен пост можеме да го претставиме да биде како наша ѕвезда водилка, која како и тројцата мудреци од Исток ќе не доведе до Витлеемската пештера за да му се поклониме на Богомладенецот Исус, нашиот  Спасител. (го*ко)

Категорија: Вера, Духовност, Колумни

За авторот