Прв ден: Мојата душа го велича Господа

Прв ден: Мојата душа го велича Господа

Почитуван читателу,

Секое патување носи со себе и страв и радост, и милости и бара напор. Ве охрабруваме со доверба во Бог да се упатите на тоа духовно патување заедно со с. Еврозија и да го доживеете силното Божјо присуствo во вашиот живот.

Молитва до Светиот Дух

Дојди Душе Свети и просветли го моето срце, за да можам да ја спознавам Божјата волја во секој момент од мојот живот. Придружувај ме на тоа мое духовно патување и помогни ми како на с. Еврозија Алоати, поблиску да Те запознаам. Амин.

Размислување

И рече Марија: „Мојата душа го велича Господа” – Нека го вoзвеличи мојата душа Господа. Да, душо моја должна си да го величаш. Еве ја целта за која си создадена од Бога. Ти си должна да го величаш Бога со својот ум, барајќи сé повеќе да го познаваш преку жива вера, верувајќи ги сите вистини кои Бог ти ги откри преку Црквата. Ти си должна да го величаш со твојата љубов која треба да биде чиста и непорочна. Ти си должна да го возвеличиш со служењето на Него, готова да ја исполнуваш секогаш неговата пресвета волја. Ти си должна да го возвеличиш со своето звање кое треба да биде непрекинато служење на Господа. Впрочем нека така го возвеличи Господа мојата душа.

Прашања

Дали во секој момент од мојот живот ја прифаќам Божјата волја? Може ли да кажам дека мојот живот го живеам за да биде за слава Божја?

Подготви: с. Евхаристинки/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот