Што е жената во животот на мажите?

Што е жената во животот на мажите?

Во прв момент, поради некоја причина, очите ги привлекуваат неправилностите, косата, очите, раскошот на карактеристиките кои заведуваат и го оставаат мажот збунет, изненаден, на тој начин што е способен да се загуби во зборовите и да се почувствува најглупав помеѓу сите.

Времето поминува, а за мудариот маж, таа прекрасна девојка која еден ден ја прифатила неговата љубов полека освојува нови и неспорни димензии за восхитување, нешто што неразумниот човек не е во состојба да го запази затоа што неговите очи се слепи за она што е најубаво во идентитетот на жената.

Мажот кој има жена покрај себе доживува чувства кои што никогаш не би можел да ги почувствува во друштво со други мажи, а уште помалку кога е сам.

Од хемиските знаци во телото, па до необјаснивото чувство за божествена моќ кога таа убава девојка стана жена и му ја подари можностa да стане татко.

Децата доаѓаат, а мажот и понатаму останува немирен не знаејќи дека таа успева да биде мајка, толку внимателна, толку посветена на децата, толку стрплива, стрпливост која што ниту еден маж на целиот свет не би можел да ја има.

Структурата на оваа млада кожа се менува со времето, така како што се менува и нејзината способноst за сакање, разбирање, предание.

Љубовта го надминува она физичкото, но многу повеќе од удобни можности за постојани средби со овaа жена, мажот со тек на време ќе стане едно со неа, совршен продолжеток на неговото сопствено „ЈАС“ кој единствено е способно да се оствари на толку совршен начин како татко, со – создавач на човечкиот живот, во совршено единство со нејзе, жената која сето тоа го овозможила.

Мудриот маж спознава дека, без неа, тој е ништо, можеби вечен адолесцент заслепен од задоволството поради кое не успева да се претвори во маж и покрај тоа што старее.

Мудриот маж гледа подалеку од неправилностите, гледа во очите и не верува дека бил достоен за да биде избран, дека е прифатена неговата молба за брак, тој е вечено воодушевен.

Мудриот маж не ги сфаќа коментарите на неразумните луѓе кои на своите пријателски средби потврдуваат дека бракот е пакет, дека жената е проблем и дека е тешко да се сака.

Жената има моќ на дестабилизирање и дестабилизира, има моќ да роди и да осветлува, таа не блеска сама, нејзиниот најголем дар е со неа и другите да заблескаат, со неa децата блескаат поради едноставниот дар што е жена, со неaе мажот блеска поради едноставниот дар што е сопруга.

Жената блеска насекаде и за целиот свет, неразумен или несигурен маж се плаши од сјајот на својата жена, сака да ја сокрие, додека мудриот се остварува гледајќи ја како блеска за целиот свет, затоа што е сјајот на неговата среќа, таа е најдобар доказ дека овој маж не се лишува од светската градина на убавините на оваа единствена ружа, единствена и неповторлива.

Годините минат, а поголемиот број адолесценти на крајот завршуваат фрустрирани заради залудната опсесија дека освоената жена може да им остари.

Мудрите, од друга страна ќе бидат најсреќни во животот, ќе се гледаат по цел ден во огледало не верувајќи дека овој скапоцен бисер кој еден ден влегол во нивниот живот и уште е покрај нив и покрај ограничувањата кои продолжуваат да се размножуваат во нивните сопствени тела.

Мудрите се смеат затоа што се носители на една трајна возвишена љубов, ги собираат годините на бракот како трофеи на непроценлива вредност, ги набљудуваат децата воодушевувајќи им се на нејзините црти на лицето како се помешуваат со неговите во животите која само ова, оваа девојка која го воодушевила му ги даде.

Најдраги мажи, ако еден ден си насмеел една жена, сигурно ќе знаеш дека среќата постои, затоа што ако си способен да ја отвориш ружата, да направиш ѕвездите да блескаат, а не да го сокриеш сонцето, ништо нема да ти биде невозможно.

Жената не е носителка на твојата среќа, но ако успееш да сакаш, ти гарантирам со сите зборови со кои би можел да напишеш, дека твојата среќа ќе дојде и нема да задоцни, ќе бидеш најсреќниот маж во својата околина, младоста ќе те одведе до зрелост и во твојата старост твојот израз на лицето ќе биде насмеан, а светот околу тебе ќе биде постојано осветлен.

Млади католици/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот