Велики пост: Наместо сопствените желби го слушам Исус

Велики пост: Наместо сопствените желби го слушам Исус

Постојат многу начини како да се гледа на светот и на работите околу себе. Проблемот настанува кога се фатиме за еден начин „како слепи“ и не го пуштаме.

Еден ден правевме една вежба со онаа познатата слика која треба да препознаеш или старица или млада жена. Работата е во тоа што кога нашиот мозок регистира една слика, не ја пушта лесно. Така ја препознав таа млада жена, а старицата ниту после гледањето од повеќе страни не успеава да ја препозне. Кога сум со пријателот, кој има иста задача, разговаравме за тоа, нему не му е јасно каде и како сум успеал да ја препознаам таа млада жена. Тој само ја гледал старицата. Јас некако успеав да ја препознаам старицата после откако ми е покажано со прст каде се нејзините линии. Од друга страна пак, тој никако неможеше да ја препознае таа млада жена, иако повеќе пати детално му објаснив како јас ја препознав.

Великиот пост може да стане силно плодоносно време ако се впуштиме во ваква вежба. Ние светот го гледаме со свои очи и се трудиме за себе да создадеме каква – таква сигурност. Сакаме да се чувствуваме сигурно во своите ставови, во своите избори и во своите определувања. Тоа е навистина потребно за човекот, затоа што во спротивно би бил во постојана мачнина и несигурност дали е добро или не тоа што го направил. Замислете таква ситуација; дека не си сигурен/сигурна ниту во една одлука која што ја донесуваш. Секако, нашите избори мораат да почиваат на некакви темели и на некакво искуство кое сме го собрале низ досегашниот тек на својот живот. Тоа искуство доаѓа од разни страни. Преку тоа што јас го доживеав, преку тоа што другите ми го раскажале, што сум видел, што сум прочитал…

Тоа е патот на Великиот пост. Да се сретнеш со Бог и да ги провериш сите опции. Затоа, со средбата со Бог, видикот некако се отвора и проширува. Дали е возможно да сум грешка? Дали е возможно работите погрешно да сум ги заклучил или избрал? Дали е возможно да има и лажни синџири на заклучување? Или, дали е возможно нешто да сум пропуштил, да не сум ја видел целосната слика, не сум ги опфатил сите детали? Во средбата со Исуса (особено е убава онаа слика одењето во пустина и слушање во тишина) проверувам какви се моите одлуки и дали добро сум ги избрал. Во средба со Исус откривам кој сум јас и се запознавам подобро себе си. Во таа Божја близина, во тоа Божјо светло подобро се гледам себе си. Подобро гледам кој сум, што можам, за што сум способен и колку сум грешен, нестрплив и несовршен. Тоа е патот на Великиот пост. Учам кој сум јас во средбата со мојот Бог. Наместо сопствената сигурност и сопствените определувања, слушам за што Исус се определува, посебно во оној извештај за искушенијата во пустината. Наместо сопствената сигурност која ќе ме барни од непријателот, целата своја сигурност се обидувам да ја ставам во Бог, затоа што Тој е мојата сила, мојот Спасител, моето прибежиште и засолниште во кое се засолнувам, да го изразам тоа со јазикот на псалмистот.

Човековата гордост е една цврста тврдина со која секогаш треба да се бориме. Средбата со Бог нуди нови опции. Исус тоа многу добро го покажа со својот пример. Средбата со Бог никогаш немаше само едно решение и една едиствена опција. Смрт, осуда, отфрлување – затоа што така налага традицијата, писмото, обичаите и – сите така правеле. Исус пронаоѓа други начини и опции. Нашиот пат во Великиот пост може да биде и така обликуван. Да бараме нови начини и да провериме дали сето тоа што го правам е во ред и правилно, добро и корисно. Да се послуша другиот, или уште подобро, да го послушаме Другиот, се чини неопходно затоа што сами не можеме да успееме и да стигнеме далеку. Сами секогаш некако се заплеткуваме и не напредуваме. Затоа е важно да слушаме и да читаме за искуството на другите, да се посоветуваме со другите, да медитираме над Словото на Светото Писмо за да го слушаме Другиот и пронајдеме совет за својот следен чекор…

Ви посакувам благословен и плодоносен Велики пост…

Фра Желко Барбариќ/Битно.нет/к.мк

 

Категорија: Вера, Духовност

За авторот