Дали свети Павле гледал Олимписки игри

Дали свети Павле гледал Олимписки игри

Научниците веруваат дека Свети Павле можеби присуствувал на Истмиските игри, атлетско натпреварување кое се одржувало Коринт, кои наликуваат на Олимписките игри.

Свети Павле често го споредува христијанскиот живот со тренинзи и натпревари на атлетските натпреварувачи. Ова е многу јасно во неговото Прво послание до Коринтјаните.

Не знаете ли, дека оние што се натпреваруваат на тркалиште, трчаат сите, но само еден добива награда? Па така трчајте и вие, за да добиете. Секој што се бори, од сè се воздржува: оние – за да добијат распадлив венец, а ние траен. (1 Коринтјаните 9,24-25).

Истмиските игри

Свети Павле им пишува на христијаните во градот Коринт. Покрај Олимписките игри, кои се одржувале во Олимпија (оттука и името), имало и други игри што се одржувале во „исклучени“ години, како што се игрите лоцирани во Истмус во Коринт.

Тие биле наречени „Истмиски игри“, а Свети Павле можеби бил сведок на овие игри во својот живот. Во книгата од 19 век „Животот и посланијата на Свети Павле“, авторот ја објаснува веројатноста Свети Павле дека присуствувал на такви игри.

Истмус во Коринт е едно од четирите светилишта каде што периодично се одржувале најславните игри … Од тука произлегува интересно прашање, односно дали Апостолот некогаш и самиот бил присутен таму за време на Истмиските игри. Може да се аргументира априори дека ова е многу веројатно затоа што голем број луѓе доаѓале во тоа време од сите делови на Средоземното Море за да присуствуваат или да учествуваат во натпреварите.

А Апостолот најверојатно исто како што сакал да биде во Ерусалим за време на Еврејските празници, така најверојатно сакал со големо задоволство да го проповеда Евангелието во време кога во Истмус се одржува таков голем настан, од каде што ќе може да се пренесе Евангелието на секој брег со враќањето на дојдените странците. Но, исто така треба и да знаеме дека при неговата прва посета Свети Павле поминал две години во Коринт и иако има некои потешкотии за одредувањето на време во кое се одржуваа игрите, сепак изгледа речиси сигурно дека тие се повторувале секоја втора година на крајот на пролетта или почетокот на летото.

Понатаму, Свети Павле јасно укажува на конечната награда што му е доделена на победникот на овие трки: круна од ловоров венец.

Можеби гледал различните натпревари, како што се трки со кочии, фрлање копје, скок во далечина, трчање, борење и бокс….

Свети Павле во своето послание до Коринтјаните се повикува на трки, кои се слични на трките што се одржуваат и денес на Олимпијадата.

Кога ја гледаме Олимпијадата во ова наше време, можеме да видиме како тоа го правел Свети Павле и да се поттикнеме да бидеме светци, достигнувајќи совршенство во духовниот живот за да „освоиме“ вечен венец на Небото.

Алатеја/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот