Аналогија: Што е човекот без Бог?

Аналогија: Што е човекот без Бог?

Пренесуваме интересен текст кој се споделува на социјалните мрежи, преземен од ФБ профилот на отец Христијан Кухар, а адаптиран од Католици.мк

Ја сакам оваа аналогија. Кога Бог посакал да ја создаде рибата се обратил на морето. Кога Бог сакал да создаде дрвја, се обратил на земјата. Но кога Бог посакал да го создаде човекот се свртел кон Себе и рекол: Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние

Напомена: Ако од водата ја извадиш рибата, таа ќе умре. А кога дрвото ќе го извадиш од земјата и тоа ќе умре. Кога човекот ќе се одвои од Бога и тој умира. Бог е нашата природна средина. Создадени сме да живееме во неговата присутност.

Мораме да бидеме поврзани со Него, затоа што животот само со Него постои. Да останеме во контакт со Бога. Да се сетиме дека водата без рибата останува да биде вода,, но рибата без вода е ништо. Земјата без стеблото останува и понатаму да биде земја, но дрвото без земјата е ништо. Бог без човекот останува да биде Бог, но човекот без Бог е ништо.

Ако оваа порака ве поттикна на размислување и сакате да ја проширите со другите, тогаш тоа се нарекува евангелизација.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот