Света Тереза на Детето Исус

Света Тереза на Детето Исус

Во 1888 година Тереза станува монахиња кармеличанка во Лизије (Нормандија), „за да спасува души и да се моли за свештениците.“

Визија на Детето Исус

Самиот прекар на денешната светица „Исусов цвет“ или „Мал цвет“ зборува за нежноста, смиреноста и чистотата на нејзината душа, но и за нејзината омиленост кај верниот народ. Исклучително чувствителната девојка ја губи својата мајка во 1877 година, а улогата на мајка во семејството ја презема постарата сестра на Тереза, Паулина. Се школува кај сестрите бенедиктинки во Лизије од 1881 до 1886 година. Непосредно пред 14 роденден доживува визија на Детето Исус.

Осаменост, духовна еднообразност и сомневање

Во 1888 година Тереза станува монахиња кармеличанка во Лизије (Нормандија), „за да спасува души и да се моли за свештениците.“ Четирите нејзини постари сестри исто така станале монахињи. Монашките завети ги положила во 1890 година. Во манастирот многу молела, размислувала и се занимавала со ракотворби, ја вршела сакристантката служба и началник за новицијатот, но страдала од осаменост, духовна еднообразност и сомневање.

„Сѐ што правев, мора да биде во потрага по малите душа“

Со радоста се мешала жалоста со светлото на темнината, но таа и во моментите на тага и мрак била задоволна: „О, колку е слатко да му се служи на Господ во ноќ, во искушенија! Го имаме само овој живот за живеење на својата вера.“ Се верува дека доживеала само едно мистично искуство, за побожноста на Крстниот пат, но токму со својот „обичен“ молитвен живот е блиска и драга на секој верник: „Сѐ што правев, мора да биде во потрага по малите душа.“

Треба да се живее во духовно детство без очекување на чуда и натприродни појави

Заради нејзиното кревко здравје поглаварката ѝ забранувала да пости и ѝ наредила да ги запишува своите спомени и размислувања. На крајот од животот воскликнала: „Чашата е полна до врвот! Никогаш не сум верувала дека е возможно толку многу да се трпи. Како можам тоа поинаку да си го протолкувам отколку како моја преголема желба за да спасувам души? Во своето дело „Историја на една душа“ (1897 година) описот на сопствениот животен пат, кој го нарекува „Мал пат“ ја изложува смислата на контемплацијата и личната жртва насочена кон духовните потреби на сите луѓе. Покажала дека треба да се живее во духовно детство без очекување на чуда и натприродни појави и имала влијание на новото сфаќање на идеалот на светоста.

Умира на 24 години

Целосно предадена на волјата Божја ја вратила честа на малите добродетели на неуморниот секојдневен живот: понизноста, послушноста, сиромаштвото, чистотата, пожртвуваноста, едноставноста на срцето и довербата во Бог. Умира во Лизије на 30 септември 1897 година, на 24 годишна возаст. Родителите на света Тереза на Детето Исус, Луис Мартин и Азелије Марие „Зелие“за свети на 18 октомври 2015 година ги прогласи папата Фрањо. Тие се првиот брачен пар во историјата на Црквата кој заедно се прогласени за светци.

Молитва до Света Тереза на Детето Исус

Света Тереза на Детето Исус сети се на твоето ветување уште додека беше на земјата дека ќе правиш добрини на луѓето. Излиј го во изобилство Божјиот благослов како дожд од миризливо цвеќе кон нас кои те повикуваме и испроси ни ја благодатта за која што те молиме. Оче наш, Радувај се Маријо, Слава на Отецот.

Боок/к.мк

 

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот