Можеби Бог и тебе те повикува на посветен живот?

Можеби Бог и тебе те повикува на посветен живот?

Можеби тој ист глас често чука и на вратата на твоето срце за да го промениш брегот, да го оставиш старото пристаниште, да испловиш од добро воспоставениот начин на живот.

Врз основа на Светото Писмо и вдахновението од Светиот Дух можеме да кажеме дека Бог секој човек го повикува кај себе! Човекот може од Бог да бега, да се сокрива како Адам, да лута по целата земја како Каин, може да се обиде да живее без Бог, да го потиснува од свеста, да Го заборава, но Бог секогаш одново го повикува. Преку Крштението тој повик станува уште посилен, стануваме синови Божји и ќерки Божји. Секој повик вклучува и послание, а тоа се состои во остварувањето на повикот. Основниот повик на секој кој е крстен е светоста и сведоштвото за Бог. Во тој општ повик на соработка, Бог некои луѓе ги повикува на еден потесен вид на заедништво со Него, ги повикува одблизу да Го следат во монашкиот и свештеничкиот живот.

Живееме во време на криза на тој повик, затоа често си го поставуваме прашањето: дали Бог е Тој Кој не повикува или проблемот е во човекот кој не одговора? Едно е сигурно: дека Бог повикува и денес како и во другите времиња. Прашањето е: Дали го слушаме тој глас? Бог е трпелив и го чека нашиот одговор. Тој глас најдобро ќе го разбереме во атмосфера на молитва која е простор за заедништво и близина. Молитвата се раѓа и расте во меѓусебниот однос со Бог. Таа е простор за созревање на изборот на звањето и за негово секојдневно обновување, гледајќи го Неговото Лице. Да се обидеме да го слушнеме Божјиот глас и во гласовите на луѓето кои секојдневно нѐ опкружуваат: свештениците, монасите и монахињите. Нивниот повик е и повик за другите, повик за служење на другите, повик на молитва за другите. Да се појде на тој пат значи да се сфати животот како никогаш завршен процес, како проект кој треба постојано да се усовршува.

Остави сѐ…

Примерите од Светото Писмо ни покажуваат дека во коренот на секој автентичен повик стои Господ Кој повикува, Кој го прави првиот чекор. Таа прекрасна сцена ни ја оставија браќата Симон и Андреј и другите двајца браќа – Јаков и Иван Заведееви (Мк 1, 16-20). Го напуштаат татко им, корабите и мрежите. Не се работи за некое јуначко откажување колку за фактот дека ги зафатила нова реалност, исполнети се со нова сигурност на која не можее да се одолее.

Прво што Евангелието наведува е Исусовото „ги виде“: ги виде Симон и Андреј. Ова ги „виде“ заснова нешто ново и трајно, ја означува чудесноста на средбата на луѓето со Личноста. После средбата со Исус се случува еден нов почеток во животот на овие луѓе, тоа е почеток кој ќе го одбележи целиот нивен живот. Исус ги повикува: Врвете по мене! Тој не им предлага никаква програма за она што ќе работат, не им дава предлози, ниту ветувања, не настојува да ги убедува за да Го следат, едноставно ги вика. Тој повик во целост се однесува на Исусовата личност, Он е Тој Кој треба да се следи. Не треба да се насочат кон некоја програма или некои работи, туку кон личноста Исус Христос. Од средбата на Христос со овие луѓе гледаме дека повикот нема општо значање, туку е управен на одредени луѓе. Тие целосно се доверуваат на Него. Тоа што Исус им го дарува е неговата близина.

Симон и Андреј ги оставаат своите мрежи, Јаков и Иван својот татко Заведеј. Да се одлучиш за наследување на Исус значи да се остави досегашниот начин на живот. Врз основа на тоа мерило ученикот се одлучува да остави сѐ зад себе, сѐ што може да го попречи и да биде слободен на располагање на Исус. Овие ученици не одредуваат на која заедница ќе припаѓаат, туку тоа го прави Исус. Со својот повик, во заедницата од Исус повиканите ученици се покажува Црквата, како место за наследување на Исус. Ќе ве направам рибари на луѓе! Новата задача на овие луѓе има карактер на сеопшто послание, без граница, за сите луѓе. Врви по Мене… Додека размислуваме за повикот за наследување, кој Исус го упатува до нив, да се обидеме да се пронајдеме во него.

Врви по Мене!

Можеби тој ист глас често чука и на вратата на твоето срце за да го промениш брегот, да го оставиш старото пристаниште, да испловиш од добро воспоставениот начин на живот. Како овие ученици дозволи Христос да влезе во животниот простор на твоето секојдневие. Предај му го тоа што си, што имаш, својата реалност, без ограничувања. Овие луѓе со своите животи – како многу свештеници, монаси и монахињи – ни покажале дека нешто мора да се остави затоа што и нешто се среќава; се остава сѐ затоа што се среќава сѐ – Оној Кој е сѐ!

Духовни позив/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот