Порака на бискупот Стојанов за почеток на синодалната поворка на Црквата во Македонија

Порака на бискупот Стојанов за почеток на синодалната поворка на Црквата во Македонија

Драги браќа свештеници, чесни сестри, браќа и сестри во Христа!

Светиот Отец папа Фрањо изразувајќи пасторална грижа за сите членови во Црквата ја повика целата Црква да се приклучи на синодалната поворка што започнува денес, 17 октомври, како привилегирано време за слушање, проникливост, проучување, размислување и молитва. Синодската поворка ќе ја има својата кулминација на Епископскaта синода во 2023 година на тема: „За Синодалната црква: заедништво, учество, послание”.

Самиот збор синодалност потекнува од грчкиот збор syn-hodos, што значи „да одиме заедно, заеднички од”, Светиот Отец ја повикува целата Црква да живее посилно и да ја открие синодалноста како нејзина вистинска природа, заедништво сите нејзини членови во Христа. Свесен дека Црквата мора да биде посветена на дејствувањето на Светиот Дух и да ги толкува знаците на времето во светлината на Евангелието, Светиот Отец Папа сака на сите ракоположени службеници и лица на посветениот живот да им се придружат и сите Христови верници во заедничкото ослушкување и размислување на состојбата во бискупиите и епархиите, односно месните Цркви и нивните тешкотии и перспективи.

Драги браќа во Христа, според крштението на сите нас ни е дадено еднакво достоинство, но различните служби во Црквата на различни начини нѐ прават одговорни за Црквата. Светиот Отец со вклучувањето во синодалната поворка нѐ охрабрува да ја живееме синодалноста како менталитет на сите членови на Црквата, како начин на постоењето на Црквата. Работејќи заедно, водени од љубовта кон Христос и неговата Црква, ние сме повикани да укажеме на она што не е добро и што треба да се промени, и да го зајакнеме и промовираме она што е вредно за пофалба.

Слушањето на гласот на сите верници во Христос е начин со кој сведочиме дека сме отворени кон Светиот Дух, кој ни зборува дури и во она што не е пријатно за нашите уши, навики и утеха. Тоа е голема, тешка и напорна задача што му ја доверуваме на Светиот Дух преку молитвената посветеност за да не излечи од неподвижноста на умот и срцето, следејќи го патот зацртан од Вториот ватикански концил и од кој не смееме да се откажеме.

Оценувањето на гласот на сите верници не е воведување парламентарна демократија во Црквата, туку неопходна евалуација на крсното достоинство и чувство на вера на сите верници во Христос, но и потврдување на правото да се слушне и вреднува гласот на секој верник (ЛГ 37), страствено и храбро да се отвориме на вдахновението на Светиот Дух во Црквата повикана на пасторално обраќање.

Планот на Секретаријатот на Епископската синода предвидува дека синодскиот процес поврзан со XVI Собранието на Синодaта на Епископите треба да биде завршен во локалните Цркви до април 2022 година. Наскоро ќе подготвиме конкретни чекори во подготовката на темите што ги сметаме за важни во нашата месна Црква, подготвувајќи посебен Прашалник што ќе биде достапен во парохиите, на епархиските и парохиските локации, така што сите заинтересирани ќе можат да се вклучат во синодалниот процес со својот придонес.

Така, нашата месна црква во Македонија ќе биде поканета да ја разгледа состојбата во која се наоѓа и ги изнесе своите забелешки и сугестии, да посочи што треба да се поправи ипи промени и заедно да почнеме да ослушуваме каде и како треба да се поставиме, кои патишта треба да ги отвориме и во што треба храбро да застанеме. Во исто време. сите луѓе со добра волја можат да се придружат на нашата синодална поворка со нивните усни или писмени предлози, за да можеме да живееме заедно како Црква што излегува од себе и ги задоволува потребите на секое човечко суштество. Не на некој идеализиран, имагинарен човек, туку на конкретен човек во неговите потреби, прашања, тешкотии и радости.

Синодапната поворка во нашата Скопска бискупија и Струмичко – скопска епархија им ја доверувам на нашите патрони: Пресвето Срце Исусово, Успение на Пресвета Богородица, света Мајка Тереза. Марија од Назарет, Мајка Божја Утешителка (Паљурска) преку нивното посредство да бидеме сиryрни дека Светиот Дух ќе не придружува во градењето на верата и традицијата.

Со почит и благослов.

Ваш бискуп/епископ

+ Киро Стојанов

За авторот