Горделивоста напаѓа од сите страни и насекаде ги пронаоѓа жртвите

Горделивоста напаѓа од сите страни и насекаде ги пронаоѓа жртвите

Без понизноста и духот на служењето невозможно е да се живее љубовта, која на тој начин останува неделотворна. Без понизноста не постои светоста, а Исус не ги сака горделивите и егоцентричните луѓе во својата служба.

Во денешното евангелие од Светата Литургија Господ ги обвинува книжниците и фарисеите бидејќи „седнале на Мојсеевиот стол“ и, фокусирајќи се само на себе, ја напуштиле грижата за луѓето кои им се доверени, тоа благодатно мноштво луѓе кои биле „измачени и одгледани како овци без пастир“. Поважни им биле наградите и признанијата, првите места на гозбите и во синагогите, да ги поздравуваат на плоштадите, да ги нарекуваат учители. Личната горделивост и амбициите ги доведоа до губење на понизноста и духот на служење, карактеристики на оние кои сакаат да го следат Господ.

Исус Христос ги предупредува своите ученици: „Вие не дозволувајте да ве нарекуваат ‘Раби (Учителу)… најголемиот меѓу вас нека ви биде слуга.“ Исто така со својот пример многупати ни го покажал патот: „Кој е поголем? Кој седи на трпезата или кој послужува? Зарем не е оној кој седи на трпезата? Но јас меѓу вас сум како оној кој послужува.“

Без понизноста и духот на служење е невозможно е да се живее љубовта, која на тој начин останува неделотворна. Без понизноста не постои светоста, а Исус не ги сака горделивите и егоцентричните луѓе во својата служба. „Божјите средства секогаш се понизните средства.“

Во апостолатот и во малите работи со кои им служиме на другите нема причина за самобендисување и вообразеност, бидејќи сето тоа, всушност, го прави Господ. Кога им служиме на Бога и на другите, заради Бога, натприродните плодови кои ги бараме не зависаат од нашите способности. Без благодатта, залудни би биле нашите најголеми напори: „Никој не може да го признае Исус како Господ, туку само под делување на Светиот Дух.“ Само благодатта може да ја зголеми силата на нашата човечка способност за да можеме да извршиме дела кои се над нашите можности. „Бог на горделивите им се противи, а понизните ги обдарува со благодати.“

Борејќи се да ја достигнеме доблеста на понизноста, стануваме делотворни и моќни. „Понизноста ќе нѐ ослободи за големи дела, но само ако во себе не го занемариме спознанието на сопствените недостатоци и ако сме свесни, од ден на ден сѐ повеќе, за сопствената беспомошност.“

Треба да бидеме трезвени бидејќи најлошата амбиција е копнежот за сопственото „возвишување“, како што правеле книжниците и фарисеите. Во сето она што го правиме и планираме да го сториме, оваа амбиција нѐ поттикнува да се бараме самите себе и своето сопствено признавање. „Горделивоста напаѓа од сите страни и насекаде ги пронаоѓа своите жртви.“

Ако не бидеме понизни, ќе ги направиме несреќни оние со кои живееме, бидејќи горделивоста сѐ расипува. Таму каде што има горделив човек, ништо не се одвива како што треба, никој не се третира како треба: семејството, пријателите, работата… Горделивиот човек очекува и бара посебен третман за себе, бидејќи мисли дека е поголем од другите и сите треба внимателно да избегнуваат да ја повредуваат неговата преголема чувствителност… Неговиот догматски став во разговорите, неговото иронично и саркастично мешање во секоја дискусија – честопати ќе ги покаже другите во лошо светло со цел само тој да испадне најдобар – настојувањето да прекинува разговори кои природно се развиваат итн., сето тоа се показатели на нешто подлабоко: голема себичност и егоизам со кои е опфатена личноста чиј животен хоризонт е ограничен само на себе.

Овие моменти на молитва можат да ни послужат да се запрашаме во присутноста Господова, како ли се однесуваме кон другите луѓе, дали нашето однесување кон нив е исполнето со духот на служењето.

Битно нет/З.А.

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот