Украина и жртвите од железничката несреќа во Грција се во мислите на Папата

Украина и жртвите од железничката несреќа во Грција се во мислите на Папата

По молитвата Ангел Господов во недела 5 март 2023 година, папата Фрањо ја спомена 400-годишнината од мачеништвото на свети Јосафат и ја пофали посветеноста на Украинците во прифаќањето на сонародниците побегнати од војната. Покрај тоа, тој се помоли и за семејствата на жртвите од железничката несреќа што се случи во Грција на 1 март

Свети Јосафат, украински епископ, кој го даде својот живот за единството на христијаните во 1623 година. Четиристотини години по неговата смрт, Папата го спомена неговото мачеништво, поздравувајќи ја украинската заедница од Милано, собрана на плоштадот Свети Петар. Мислите на Папата веднаш се упатија на актуелниот конфликт:

Почитувани, ги поздравувам вашите напори во прифаќањето на вашите сонародници кои побегнаа од војната. Нека Господ со застапништво на свети Јосафат му подари мир на украинскиот маченички народ.

Поздравувајќи ги луѓето собрани на плоштадот Свети Петар на крајот од своето пладневно обраќање, папата Фрањо се спомена на жртвите и нивните семејства во трагичната железничка несреќа во Грција.

Деновиве мислите често беа упатени на жртвите од железничката несреќа што се случи во Грција; многумина беа млади студенти. Се молам за починатите; близок сум со повредените, семејствата и роднините; Богородица нека ги утеши сите.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот