Tag "Папа Фрањо"
Папата Фрањо повикува да не бидеме рамнодушни кон трагедиите на мигрантите
По уште една мигрантска трагедија во Средоземното Море, папата Фрањо ја изрази својата тага на својот официјален профил на Твитер и ги повика сите мажи и жени со добра волја да не бидат рамнодушни кон постојаните смртни случаи на мигрантите за време на опасните поморски преминувања со надеж дека нивниот пат ќе донесе надеж.
Генерална аудиенциjа: Светскиот ден на младите во Португалија беше „средба со Христос“
По традиционалната јулска пауза, папата Фрањо продолжи со Генералната аудиенција во среда и зборуваше за завршеното Аапостолско патување во Португалија за Светскиот ден на млади во Лисабон, истакнувајќи го како момент на средба со Христос, откривање на верата и искуство на Божјата љубов.
Папата се моли за сите погодени од катастрофалните природни катастрофи во Словенија и Грузија
На крајот од редовната Генерална аудиенција, во среда, на 9 август 2023 година, Папата ги вети своите молитви за жртвите од лизгањето на земјиштето во северна Грузија и екстремните поплави во словенечките градови кои предизвикаа смрт, исчезнати лица и материјално уништување: „Ја изразувам мојата духовна близина со нивните семејства и со сите кои страдаат од овие природни катастрофи“.
Папата: Да ја довериме Украина под застапништво на Едит Штајн
На крајот од Генералната аудиенција, папата Фрањо повика застапништво од Света Тереза Бенедикта од Крстот, сопатрон на Европа, за населението на Украина, кое многу страда: „Нејзиното сведоштво нека поттикне ангажирање против сите форми на насилство. и дискриминација“. Тој, исто така, ги поттикна полските верници на ходочастие во маријанските светилишта да се молат на Пресвета Богородица за бесценетиот дар на мирот, посебно за драгата Украина.
Папата продолжува со Генералните аудиенции во среда
Утре, среда, 9 август 2023 по летната пауза во месец јули, во салата Павле VI. Папата ќе продолжи со Генералните аудиенции.
Папата се заблагодари на Богородица за патувањето во Лисабон
Папата Фрањо, по враќањето од патувањето во Португалија, во понеделник наутро, 7 август 2023 година, ја посети римската базилика Света Марија Велика, за да се помоли пред иконата на Богородица „Salus Populi Romani“ (Спасение на римскиот народ), еден од симболите на Светскиот ден на млади во Лисабон.
Папата Фрањо: Во Фатима во тишина молев за мир
Во авионот со кој Папата се враќаше од Лисабон, тој им објасни на новинарите зошто решил да се моли во тишина во светилиштето во Фатима и зошто одлучил да ги остави своите подготвени говори пред младите и да разговара со нив.
Португалските власти го испратија Папата по Светскиот ден на младите
Претседателот на Република Португалија, политичка и црковна делегација на аеродромот во Лисабон му се заблагодарија на папата Фрањо за посетата и му посакаа среќно враќање во Рим.
Папата се сретна со волонтерите на Светскиот ден на младите
На завршниот настан од Светскиот ден на млади, папата Фрањо изрази благодарност до 25.000 волонтери кои со својата посветеност и труд го овозможија Светскиот ден на млади.
Папата ја предводеше завршната Света Литургија на Светскиот ден на млади
Во недела, 6 август 2023 година, папата Фрањо ја предводеше завршната света Литургија на Светскиот ден на млади во Лисабон во паркот Тејо. Според проценките, присуствуваа 1,5 милиони млади луѓе.