Папата ја предводеше завршната Света Литургија на Светскиот ден на млади

Папата ја предводеше завршната Света Литургија на Светскиот ден на млади

Во недела, 6 август 2023 година, папата Фрањо ја предводеше завршната света Литургија на Светскиот ден на млади во Лисабон во паркот Тејо. Според проценките, присуствуваа 1,5 милиони млади луѓе.

„Добро ни е да бидеме овде“, рече папата Фрањо, мислејќи на апостол Петар кој тоа го изјави во евангелието навестено на денешниот празник Преображение Господово. Служејќи ја завршната света Литургија на Светскиот ден на млади, папата Фрањо во својата проповед праша што ќе понесат ходочасниците со себе од средбата во своите домови. Светиот Отец одговори со три клучни глаголи: блескање, слушање и не плашете се.

Светлината што ги осветли Петар, Јаков и Иван, кои го следеа Исуса на гората на Преображението, ги подготвува за ноќта низ која ќе треба да поминат; тоа огромно искуство на светлината ќе им помогне да го издржат тешкото искушение. Потребен ни е некој зрак светлина што е надеж во соочувањето со темнината на животот, треба да се соочиме со нив со светлината на Исусовото воскресение, нагласи Папата. „Сакам да ви кажам нешто: не стануваме белескави кога се ставаме под рефлекторите, кога покажуваме совршена слика и се чувствуваме силни и успешни. Не. Блескаме кога, прифаќајќи го Исус, учиме да сакаме како него“, објасни Петровиот наследник.

Понатаму, вториот поим што го истакна е слушање. Заповедта што Отецот ја дава на гората на Преображението е едноставна и директна: „Него послушајте Го!“. Тие зборови кажуваат се што треба да се направи во животот, нагласи Папата. Ако не знаеме што ни кажува Исус, Папата предложи: „Зграпчете го Евангелието и читај што ти збороува Исус и што ти зборува твоето срце“.

На крајот: не плашете се. Тоа се зборови кои постојано се повторуваат во Библијата, истакна Светиот Отец.

„Како млади имате големи соништа, но често се плашите дека не можат да се остварат. Понекогаш може да мислите дека не сте дораснати на предизвикот и може да бидете во искушение да паднете со духот, да мислите дека не сте успеале или да ја маскирате болката со насмевка. Како млади луѓе, сакате да го промените светот, и тоа е добро, и да работите за правда и мир. На тоа ја посветувате целата своја енергија и креативност, но сепак изгледа дека и тоа е недоволно. Сепак, на Црквата и на светот им требате вие младите, како што на земјата и треба дожд“.

„Драги млади“, рече Папата во заклучокот: „Би сакал секој од вас да го погледнам во очи и да кажам: не плаши се! Сега ќе ви кажам нешто уште поубаво: самиот Исус сега те гледа. Тој те познава, знае што има во твоето срце; ги знае твоите радости, твоите таги, успеси и неуспеси; тој го знае твоето срце. И тој денес, на Светскиот ден на младите вели: Не плашете се!“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот