Папата најави средба со претставници на христијанските заедници од Либан

Папата најави средба со претставници на христијанските заедници од Либан

Помирна иднина за Либан, земјата на кедрите, каде состојбата е сè позагрижувачка, побара Папата во пладневното обраќање после молитвата Ангел Господов на 30 мај 2021 година, при што го објави датумот за средба со христијански претставници од таа земја. Покрај тоа, тој спомена три медицински сестри кои вчера во Шпанија беа прогласени за блажени

После молитвата Ангел Господов, папата Фрањо од прозорецот на Апостолската палата објави дека на 1 јули во Ватикан ќе се сретне со претставници на христијанските заедници од Либан и ќе се моли со нив за мир и стабилност. Неодамна, земјата повторно се најде во центарот на  вниманието на меѓународните медиуми поради многу сериозната економска и финансиска криза, кои скоро две години ја притиска оваа земја, посебно поради пандемија, овој многу стар мозаик на вери, вероисповеди и култури.

Меѓутоа Папата не е загрижен само за тоа. Во позадина на подготовките за средбата е и проблематичната ситуација во Либан, која влијае и на израелско-палестинскиот конфликт. Либанската политичка класа има потешкотии да најде излез од ќор-сокакот, кој со месеци спречува формирање на нова влада, што е од суштинско значење за Бејрут да има пристап до меѓународната помош за населението за да избегне глад, сиромаштија и болести.

На 1 јули, ќе се сретнам во Ватикан со главните водачи на христијанските заедници од Либан, за да размислуваме за загрижувачката состојба во таа земја и заедно да се молиме за дарот на мирот и стабилност. Оваа накана ја доверувам на застапништво на Богородица, која е многу почитувана во светлиштето во Хариса и од овој момент ве замолувам да ја придружувате подготовката за овој настан со солидарна молитва, молејќи се за оваа сакана земја, за нејзина помирна иднина – рече Папата.

Папата потоа е спомна на трите нови блаженици кои беа прогласени во сабота во Асторга, Шпанија. Тоа се Марија Пилар Гулон Јутуријага, Октавија Иглесијас Бланко и Олга Перез-Монтесерин Нуез. Овие три храбри жени, верници лаици, однесувајќи се како Добриот Самарјанин, се посветиле на лекување на воените рани, не напуштајќи ги во моментот на опасност; ризикувале и биле убиени од омраза кон верата. Да го величаме Господ за нивното евангелско сведоштво – рече Папата.

По повод Светскиот ден на мултиплекс склерозата и Националниот ден за ублажување на страдањата, кој се слави во Италија, Папата се заблагодари за бројните добротворни иницијативи на разни здруженија. Изразувам голема благодарност за овие иницијативи. Да се потсетиме дека блискоста е скапоцен мелем кој обезбедува поддршка и утеха на оние кои страдаат од болеста – рече папата Фрањо.

Напоменувајќи дека пред молитвата Ангел Господов прими мала група верници кои му дадоа копија од преводот на целата Библија на нивниот дијалект, Папата рече дека е особено импресиониран од зборовите на авторот на преводот, на кои му биле потребни осум години. Ми рече дека читал, се молел и преведувал. Би сакал да се заблагодарам за овој гест и повторно да напоменам да се чита Божјото Слово за да се најде сила за живот во него и – се повторувам – секогаш да го носите Новиот Завет, џебното издание, како би го читале во секое време од денот – рече Папата.

На крајот, поздравувајќи ги сите присутни на плоштадот Свети Петар, Светиот Отец забележа разни знамиња, вклучително и колумбиското, и ги охрабри да се молат за таа земја. Срдечно ве поздравувам сите вас, од Рим, Италија и други земји. Гледам тука има од Канада, Колумбија … мора да се молиме, мора многу да се молиме за Колумбија! – охрабри Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот