Кардинал Черни: Потребни се итни и конкретни активности за да се спаси заедничкиот дом

Кардинал Черни: Потребни се итни и конкретни активности за да се спаси заедничкиот дом

Префектот на Дикастеријата за унапредување на интегрален човечки развој Мајкл Черни зборуваше на четвртата меѓународна конференција за грижа за целото создание. Конференцијата се одржа на 31 јули 2023 година на Португалскиот католички универзитет во Лисабон на тема „Младинската посветеност на интегралната екологија. Начин на живот за ново човештво“.

На конференцијата учествуваа експерти кои ги понудија свои размислувања за економијата, образованието, семејниот живот, природните ресурси, политиката и технологијата. На крајот на конференцијата е објавен документ, а завршниот манифест, кој го потпишаа младите е резултат на дискусијата и основа за идни активности и размислувања.

Меѓу другите, во организацијата на конференцијата учествуваа Фондацијата за млади Иван Павле II, Дикастеријата за лаици, семејство и живот, Фондацијата Светски ден на младите во Лисабон, домаќинот – Португалскиот католички универзитет, а конференцијата беше под покровителство на Генералниот секретаријат на Синодата и амбасадите на Португалија и Кнежеството Монако при Светиот Престол.

Во име на коорганизаторот, Дикастеријата за промоција на интегрален човечки развој, на конференцијата учествуваше префектот кардинал Михаел Черни, чиј говор се фокусираше на теолошкото значење на интегралната екологија, во служба на човекот, посебно на најслабите“.

Кардиналот Черни посочи на еден водич за промовирање на интегрална екологија. Имено, примерот што постојано го споменува папата Фрањо е свети Фрањо Асишки, кој е пример par excellence за грижа за ранливите и целосна екологија која се живее со радост и автентичност. Сиромашниот човек од Асизи ни покажува „колку многу е нераскинлива врската помеѓу грижата за природата, правдата за сиромашните, посветеноста на општеството и внатрешниот мир“, истакна кардиналот Мајкл Черни.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот